ЗГОДНОТО МОМЧЕ ОД СКОПСКИ БУТЕЛ ОСВОЈУВА СРЦА, АМА И МЕДАЛИ Иако со Даунов синдром, Марио е релативно самостоен, а на Македонија ѝ донел медали од три олимпијади (ВИДЕО)
Иако Марио има одредена самостојност, не би можел самостојно да живее, но би сакала да има некакви работни обврски затоа што од седење дома ќе назадува на секое поле. Загрижувачки е што во државата реално нема ништо јасно и конкретно во однос на лицата со посебни потреби и тие недефинирани работи се она што ме плаши за иднината на Марио после мојата смрт, вели Јамболка Димитрова, мајката на еден од македонските олимпијци кои повторно ѝ донесоа медали на Македонија
Марио Мицковски и неговата мајка Јамболка Димитрова ги запознав во ТЦ Лептокарија кадешто претходно се договоривме да испиеме заедничко кафе.
Имено, кога не е на пливање, на танц, на логопед или на прошетка по кеј, Марио најмногу сака да пие кафе во некое кафуле или да се чести ручек во некое кафанче. Друштво секогаш му прави неговата мајка Јамболка за која вели дека многу ја сака, па затоа понекогаш знае и да ѝ помогне. На пример, да ги „заплакне“ садовите, да направи салата од краставици или од зелка, инаку, неговите омилени, или пак да ѝ го направи најубавото кафе.
Целиот текст и видеото за Марио Мицковски побарајте ги на порталот „Мајка и дете“.