ЗЕМААТ ЛЕКОВИ ЗА НАСТИНКА ЗА ДА ОСТАНАТ БРЕМЕНИ? Жените на Тик-Ток откриваат нов трик за забременување
Патот до бременоста може да биде долг и исцрпувачки за некои жени, па многу од нив се подготвени да пробаат сè за да ја добијат посакуваната бременост. Има ли смисла новиот тренд за кој веќе некое време се зборува на Тик-Ток?
Кога навистина многу сакате да забремените, но едноставно не можете, тоа е болно, тешко, исцрпувачко патување за многу жени (и партнери, се разбира).
Кога ќе ги пробате сите докажани „рецепти“ и начини, а ништо не го носи посакуваниот резултат, тогаш се фаќате за сламка едноставно ја прифаќате секоја опција што ви звучи воопшто прифатлива.
На Тик-Ток неодамна се појавија објави со хаштаг #mucinexdpregnancy, а во видеата жените кажуваат како забремениле со помош на Mucinex – лек за настинка и кашлица.
Тој хаштаг има повеќе од 1.500 објави, а жените тврдат дека забремениле со помош на овој лек кој се купува без рецепт.
Оваа постапка често ја нарекуваат – трик.
„Го пробав трикот со Mucinex и успеа!“, вели една корисничка на Тик-Ток чија објава има над милион прегледи.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.