ЗЕМЈАТА НЕ СЕ ВРТИ ОКОЛУ СОНЦЕТО, ТУКУ ОКОЛУ ХРАНАТА Прв национален саем за храна и пијалаци

Не се вели залудно дека храната ги поврзува луѓето повеќе од што било друго. Кога некој ќе се роди, се јадат мекици, кога некој ќе си замине, се јаде за душа. Исто така, секој можен празник секогаш се поврзува со некоја храна. Утре (12 ноември), во Градски парк во Скопје, повторно храната е она што ќе собере на едно место многу луѓе од цела Македонија. Бидете таму, на првиот национален саем за храна и пијалаци

223

„Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалаци“, утре (12.11 2022-сабота) од 11 до 16 часот во градски парк Скопје.

На саемот кој го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија ќе има 200 производители и 40 локални здруженија кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.






Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини