ЗЕЛЕНСКИ МУ „ДРЖЕЛ ПРЕДАВАЊЕ“ НА БАЈДЕН ПРЕД ВОЈНАТА? Во книга беа опишани детали од нивната прва средба во Вашингтон

Дури и најжестоките поддржувачи на Зеленски во администрацијата на Бајден се согласија дека тој ја уништил средбата, пишува Френклин Фоер.

1,268

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му држел неочекувано „предавање за НАТО“ на американскиот претседател Џо Бајден и излегол со листа на барања на нивната прва средба во Овалната канцеларија во Белата куќа на 1 септември 2021 година, неколку месеци пред да почне војната во Украина.

Според тукуштообјавената книга „Последниот политичар“ на Френклин Фоер до која дошол Гардијан, Зеленски во Белата куќа му порачал на Бајден дека Франција и Германија ќе го напуштат НАТО, а на изненадување на сите, побарал Украина да стане членка.






Бајден кој тогаш имал 78 години бил бесен поради тоа што очекувал повеќе почит и благодарност за поддршката од САД од својот 43-годишен соговорник.

„Дури и најжестоките поддржувачи на Зеленски во администрацијата на Бајден се согласија дека тој ја уништил средбата“, пишува Френклин Фоер, кој е и стручен соработник за Атлантик каде беше објавен извадок од книгата.

Според Фоер, Бајден бил добро информиран за состојбата во Украина уште од времето кога бил потпретседател за време на Барак Обама. Добро знаел дека претстои војна, а постоел и општ консензус меѓу него и Зеленски дека Русија може да ја нападне Украина за скоро време.

Авторот на книгата тврди и дека Зеленски бил огорчен затоа што претходно бил отфрлен од Доналд Трамп, а наводната причина била тоа што тој Зеленски одбил да копа по валканите тајни на ривалите на Трамп, вклучувајќи го и Бајден.

Поради оваа причина, смета авторот, Зеленски, „барем потсвесно“ го обвинувал Бајден за својата огорченост.

Истовремено, книгата раскажува дека Зеленски го сметал Бајден за слабак бидејќи се откажал од санкции за руската компанија којашто во тој момент го градела гасоводот „Северен Тек 2“. Гасоводот подоцна беше саботиран во неразјаснета експлозија во Балтичкото Море.

Целосното име на книгата на Фоер гласи „Последниот политичар: Внатре во Белата куќа на Бајден и борбата за иднината на САД“.

Поврзани содржини