КОЛКУ ТЕЖИ КОРУПЦИЈАТА ВО КИЕВ? Зеленски се бори против меч со две острици
Може да се замисли ситуација во која загрозените украински олигарси мислат: „Зеленски станува преголема закана за нас. Подобро да ги поддржиме неговите политички противници кои ќе ни бидат благодарни кога ќе дојдат на власт“, вели Ливен додавајќи дека ова може да му даде ветер на поранешниот украински претседател Петро Порошенко.
Војната во Украина влегува во третата година, а украинскиот претседател Володимир Зеленски се бори и на друг фронт – корупцијата. Повеќе корупциски скандали и суми се познати во последните неколку години, а дел од нив се поврзани со средствата кои Украина ги добива за набавка на оружје од западните земји. Сега, американската помош која републиканците во САД ја закочиј во Конгресот ја условуваат и со тоа Зеленски да направи чекори кон чистење на корупцијата, нешто што, според аналитичарот Анатол Ливен, повеќе пати му било посочено на украинскиот претседател.
Ливен, кој е директор на програмата за Евроазија во Институтот Квинси за одговорен стејткрафт, во Вашингтон за Њузвик вели дека тоа, сепак, за Зеленски, е меч со две острици. Кога Украина го уапси милијардерот Ихор Коломојски обвинет дека 14 милиони долари во странство во текот на седум години користејќи банки што ги контролирал тоа повеќе им даде корист на противниците на Зеленски.
– Може да се замисли ситуација во која загрозените украински олигарси мислат: „Зеленски станува преголема закана за нас. Подобро да ги поддржиме неговите политички противници кои ќе ни бидат благодарни кога ќе дојдат на власт – вели Ливен додавајќи дека ова може да му даде ветер на поранешниот претседател Петро Порошенко.
Зеленски ќе сака да избегне повторување на функционерите кои се обвинети за примање мито. Тој лани во август ги отпушти шефовите на регионалните воени центри на Украина за регрутирање. Еве некои од скандалите кои го тресат Киев.
Минофрлачи за 40 милиони долари никогаш не биле купени
Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека открила корупциска шема при купување оружје од страна на војската во вредност од околу 40 милиони долари. СБУ соопшти дека се испитуваат петмина високопозиционирани луѓе во Министерството за одбрана и добавувачот на оружје, пренесува Би-Би-Си. Во соопштението се посочува дека претставниците на одбраната потпишале договор за 100.000 минофрлачки гранати во август 2022 година. Плаќањето било однапред, со некои средства префрлени во странство, но никогаш не било обезбедено оружје.
Јакните за 20 милиони долари се многу лесни
На 9 јануари, министерот за одбрана на Зеленски, Рустем Умеров, рече дека ревизијата открила корупција поврзана со воени набавки во вредност од 10 милијарди гривни (262 милиони долари) само за четирите месеци што тој беше на функцијата. Неговиот претходник, Олексеј Резников, поднесе оставка во септември поради скандали кои се заканија да ја нарушат домашната и меѓународната доверба во Киев.
Во август, исто така, имаше бес поради надуените цени за нарачка од 233.000 јакни за 20 милиони долари од турската фирма Vector Avia, кои беа премногу лесни и со тоа бескорисни за претстојната зима. Резников не беше лично вмешан во скандалите, но неговото писмо со оставка ја призна лошата оптика, среде ќор-сокакот околу континуираната финансиска помош во САД и ЕУ чии лидери не сакаат да видат дека парите за борба против Русија ќе се трошат.
Приватниот остров и тешкиот шопинг на госпоѓа Зеленска
Сопругата на Зеленски, Олена, беше обвинета без докази за купување на приватен остров Pumpkin Key, Флорида, вреден 95 милиони долари, и покрај тоа што имотот остана на пазарот во времето кога тврдењата беа изнесени во руско видео на ТикТок.
Зеленска, исто така беше предмет на гласините и беше лажно обвинета дека користела дипломатско патување во Франција за да отиде на шопинг од 40.000 долари во Париз во декември 2022 година. Во октомври 2023 година стана вирално тврдењето дека таа потрошила 1,1 милиони долари во продавницата „Картие“ во Њујорк, додека била на дипломатски престој.
Нема докази за „замокот и вилата“ на Зеленски
Лорен Вицке, екстремно десничарска активистка и кандидат за републикански Сенат за Делавер за 2020 година, го рециркулираше тврдењето дека Зеленски купил замок од 20 милиони долари во Веро Бич, Мајами, додека таа ги повика САД да ја „пресечат Украина“ од финансирање. Иако проверката на фактите покажа дека Зеленски не се појавува во ниту една јавна евиденција за сопственици на имот во тој округ, објавата која вклучуваше фотографии од имотот, собра милиони прегледи и беше рециркулирана од други конзервативни сметки.
Зеленски се соочи со други неосновани тврдења дека има меѓународно портфолио на имот. Во јули, профилот на Лиз Черчил на Икс објави за своите 273.000 следбеници слика од луксузна куќа со бесконечен базен опишана како „домот на Зеленски“. Корисниците на социјалните мрежи ги исмеваа тврдењата за куќата вредна 5,5 милиони долари, кои беа отфрлени во проверката на фактите на Њузвик, како и наводите дека Зеленски купил јахта од 48 милиони долари со американски средства.
Исто така, новиот предлог-закон со кој Зеленски на 19 декември лани најави веројатна мобилизација на половина милион нови регрути во украинската војска може да доведе во корупција, смета украинската парламентарна комисија.
Во меѓувреме, закочената помош на САД и на ЕУ за Украина ја прават ситуацијата неизвесна на боиштата. Некои републиканци побараа воената помош од 61 милијарда долари што Бајден ја сака за Киев да биде поврзана со промени за зголемување на безбедноста на границата меѓу САД и Мексико. Во ЕУ, Унгарија блокираше 50 милијарди евра европска помош, потег кој ја натера Унијата да почне да размислува да ѝ го скрати правото на одлучување на Унгарија според член 7 – највисока можна санкција за земја-членка.