ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКАЖА БРИФИНГОТ, КАВГА ИЗБИ ВО СЕНАТОТ Парите за помош уште се закочени, Украина сериозно стравува од голем пораз

Неуспехот да се поддржи Украина е едноставно апсолутна лудост. Тоа е против интересите на САД, им рече Бајден на новинарите во врска со закочените пари во Сенатот.

3,320

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во последна минута го откажал онлајн-брифингот со американските сенатори и претставници на Белата куќа, вели претставник од Демократите во САД. Во меѓувреме, седницата во Сенатот околу парите за Украина се вжешти. Кој ги кочи парите за Украина?

Зеленски требаше да ги информира сенаторите за најновите случувања во конфликтот со Русија и да изврши притисок да го поддржат процедуралното гласање што се очекува во среда за пакетот итна помош што вклучува повеќе од 60 милијарди долари за Киев.






Парите нема да одат подалеку од декември

По откажувањето на обраќањето на Зеленски на брифингот изби кавга, при што некои републиканци, вклучително и сенаторите Деб Фишер и Мит Ромни, дури и излегоа порано од состанокот.

Иако Зеленски го откажал јавувањето, негов неименуван советник за бриселски „Политико“ изјавил дека парите за Украина нема да одат подалеку од декември:

– Ние сме на крајот од нашето јаже во однос на постојното финансирање.

Лудо, едноставно погрешно!

Бајден го нарече „апсолутна лудост“ тоа што САД не успеваат да ја поддржат Украина и дека е „едноставно погрешно“, освен ако Демократите не се согласат на барањето на Републиканците во пакетот да се реши и прашањето за безбедноста на границата меѓу САД и Мексико, за што беа побарани есктра пари.

– Неуспехот да се поддржи Украина е едноставно апсолутна лудост – им рече Бајден на новинарите. Тоа е против интересите на САД.

Дури и да поминат, парите ќе бидат закочени во Претставничкиот дом

Горниот дом треба да гласа во среда за нацрт-законот за итни трошоци од 110,5 милијарди долари, што администрацијата на Бајден го побара за Украина, Израел и Тајван. Со 60 гласови потребни за усвојување, 49-членото малцинство на Републиканската партија се очекува да ја потопи мерката.

Дури и ако помошта за Украина успее да помине во Сенатот, изгледите во Претставничкиот дом се слаби. Иако спикерот Џонсон рече дека поддржува дополнително финансирање за Украина, тој беше еден од 117-те републиканци кои на 28 септември гласаа за блокирање на дополнителна безбедносна помош од 300 милиони долари за земјата.

Зошто позајмуваме од Кина – за да ѝ даваме на Украина?

Доколку Џонсон испрати голем пакет помош поддржан од Сенатот на гласање во Претставничкиот дом, потпирајќи се на поддршката на демократите за да добие зелено светло, тој би можел остро да ги подели републиканците и да ја загрози сопствената позиција пред уште една рунда разговори за буџетот на почетокот на следната година.

– Соединетите Американски Држави ќе имаат дефицит од повеќе од 2,5 трилиони долари оваа година. Па, зошто американските граѓани би позајмуваат пари од Кина за да ги дадат на Украина? Тоа не е во наш најдобар интерес – изјави во вторникот републиканскиот конгресмен Мет Розендејл од Монтана.

Американскиот секретар за финансии Џенет Јелен рече дека Соединетите Американски Држави ќе бидат „одговорни за поразот на Украина“ доколку Конгресот не го одобри најновото барање за финансирање на администрацијата на Бајден од повеќе милијарди долари за земјата разурната од војна.

Сѐ ќе зависи од каприцот на Зеленски

Во исто време со неуспехот на офанзивата, падна и довербата на Украинците во Зеленски. Според украинската анкета, цитирана од Економист минатиот месец, само 32 отсто од Украинците му веруваат на Зеленски. Најмногу доверба добил врховниот командант на вооружените сили, генерал Валериј Залужни – 70 отсто. Затоа, не е чудно што Зеленски не сака да оди на избори.

Одложувањето на изборите без нов датум предизвикува се побурни политички реакции. Така, градоначалникот на Киев Виталиј Кличко се повеќе го напаѓа Зеленски во западните медиуми. Тој дури го обвини дека вовел автократија. За германски Шпигел Кличко изјавил:

– Во одреден момент, веќе нема да се разликуваме од Русија, каде што сè зависи од каприцот на еден човек.

Украина освојува големо мочуриште

Во меѓувреме, растат извештаите за неуспехот на украинската армија во контраофанзивата. Еден од проблемите е што областа околу Днепар, особено на левиот брег, всушност е големо мочуриште кое не дозволува префрлање на големи оклопни сили.

Тоа е можно само во областа каде што има добри патишта, односно во близина на патот и железничкиот мост (и двата беа срушени од Русите во повлекување) и евентуално во близина на поранешната брана (на самиот почеток на украинската офанзива). Ваквите ограничени слетувања не ја загрозуваат руската одбрана.

Сепак, како што покажа извештајот на Би-Би-Си од 4 декември, украинските загуби се несразмерно големи во споредба со постигнувањата. Како што сведочи еден украински војник, на бојното поле владее целосна неорганизираност. Во исто време, украинското Министерство за одбрана во своите извештаи споменува само успеси (кои не се многу големи), прикривајќи загуби, кои обично се пренесуваат некритички.

 

 

Поврзани содржини