ЗЕЛЕНО, ЗЕЛЕНО, ЗЕЛЕНО Е СЀ Со вишокот спанаќ, направете песто
Ако сте се прецениле, па сте купиле повеќе спанаќ отколку што можете да изедете, пред да ви овене, направете песто. Да, да, многу е вкусно
Можеби спанаќот и не содржи толку железо колку што мислевме, ама тоа не значи дека не е здрав. Напротив, спанаќот е одличен извор на витамини и минерали, богат е со каротеноиди, кои телото може да ги претвори во витамин А. Содржи витамин Ц кој е моќен антиоксидант кој го зајакнува имунолошкиот систем и позитивно влијае на кожата, витамин К кој е од суштинско значење за згрутчување на крвта, фолна киселина, позната и како витамин Б9 или фолат, витамин кој е од суштинско значење за нормална клеточна функција и раст на ткивата и е многу потребен во текот на бременоста.
Секако, содржи и железо кое помага да се создаде хемоглобин, кој носи кислород до ткивата на телото, како и калциум кој е многу важен минерал за оддржување на здравјето на коските. Спанаќот исто така содржи и други витамини и минерали, како што се калиум, магнезиум, витамин Б6 и витамин Е, но во помали количини.
Рецептот за пестото од спанаќ побарајте го на порталот „Арт кујна“.