ЗДРАВО СВЕТУ, НА ПОЛОВИНА ПАТ СУМ ДОТАМУ! Ретка фотографија на царски рез

Кејти Вигор, која го основала „Empowered Birth“ – проект кој го слави мајчинството и раѓањето на детето, објавила неверојатна фотографија од царски рез на „Инстаграм“.

280

„Лекарите ни рекоа дека можеме да фотографираме, а јас реков дека не можам да го сторам тоа, па сите се насмеаја. Го погледнав својот свршеник и тој беше во некој свој свет, па му викнав брзо да фотографира!“, раскажала мајката која е на оваа прекрасна фотографија.

„Тоа беше навистина нереално и таа е неверојатен подарок за нас. Ова беше мојот втор царски рез. Се надевам дека оваа слика им оддава почит на сите оние што поминале низ ова пред мене и ги инспирира и охрабрува бремените жени и жените што ќе се породат во иднина“, напишала таа покрај фотографијата.






Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини