ЗДРАВИ, НО НЕ И ПРЕД СПИЕЊЕ Овие намирници може да го зголемат ризикот од рак на желудникот и хранопроводот

Изедете го последниот оброк во денот неколку часа пред спиење. Но, ако баш морате да јадете нешто пред спиење, еве што можете да си дозволите

225

Сите имаме слатки гревови пред спиење, без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не. Но, експертите велат дека дури и нешто толку здраво како овошјето може да носи несакани здравствени ризици кога се консумира пред спиење.

Киселата храна, како што се агрумите и доматите, може да го стимулира желудникот да лачи киселина и да доведе до појава на непријатни симптоми на рефлукс и киселини – истакнува нутриционистката Кајли Кроули.





Познатото чувство на печење во градите е предизвикано од желудочната киселина што се крева во грлото, што е особено честа појава навечер и во текот на ноќта. Но, она што е загрижувачко е што доколку не се лекува, ова го зголемува ризикот од рак на желудникот и хранопроводот.

И што е полошо, симптомите на рефлукс често ги маскираат знаците на овие видови рак, со оглед на тоа што се слични (тешкотии при голтање и општо лошо чувство во грлото).

Сепак, експертите велат дека овој ризик лесно може да се избегне ако последниот оброк во денот се јаде неколку часа пред спиење.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини