ЗДРАВА ЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ ПОВОД И БЕЗ ГЛУТЕН Каква ќерка, таква мајка и обратно…

Каква мајка таква ќерка или каква ќерка таква мајка, сеедно, е вистина која се потврдува и во случајот на нашата гастрономска ѕвезда во Лондон, Спасиа Динковски и нејзината мајка Светлана. Еве еден одличен рецепт од мајката која родила и воспитала дете кое иако далеку од Македонија, одлично го зборува македонскиот јазик и ја промовира македонската кујна. Здрава и безглутенска чоколадна торта

192

Светлана Динковски е мајка која родила и воспитала дете, односно, сега веќе девојка, која иако далеку од Македонија, одлично го зборува македонскиот јазик и ја промовира македонската кујна.

Да, зборуваме за мајката на Спасиа Динковски, девојката со македонски корени која последниве две години, од речиси анонимна готвачка во повеќе мали ресторани во Лондон, стана вистинска ѕвезда со својот Mystic Borek и која по посетата на Македонија и нејзините приказни за ова гастрономско патување во земјата на своите родители на Инстаграм, го разбуди интересот на британската издавачка куќа DK (Дорлинг Киндерсли Лимитед, британска мултинационална издавачка компанија, дел од Penguin Random House) и потпиша договор за книга за македонската храна и традиција.






Повеќе за ова и рецептот за чоколадната безглутенска торта побарајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини