ЗБОРЛИВИОТ УКРАИНСКИ ПРАТЕНИК ЈА ОТКРИ СТРАТЕГИЈАТА? Ќе биде тешко да се изведе пролетната украинска офанзива

Ако сè оди по планот, во ваквата офанзива следни чекори би биле поморската пешадиска бригада 37 и 38 со извидувачки возила АМХ-10РЦ набавени од Франција да ја поминат реката широка 500 метри за околу четири минути. Не се знае дали и колку од овие возила ќе бидат испорачани бидејќи француското Министерство за одбрана ги прогласи овие испораки за државна тајна. Се спомнува цифрата од 30 возила, но може да бидат и повеќе.

3,207

Исклучително ризично ќе биде за украинските сили да слетаат на левиот брег на реката Дњепар за да ја започнат својата пролетна офанзива, објасни висок украински пратеник во интервју за Радио Слободна Европа. Роман Костенко откри и дека ова нема да биде доволно. Украинците би требало да отворат цел фронт во должина од барем 80 киометри, а со ширина од 40, до Берѓанск и Мелитопол да го онеспособат мостот Керч кој ја поврзува Русија со Крим.

Костенко не е кој било пратеник од украинската Рада, туку претседател на собраниската Комисија за национална безбедност, одбрана и разузнавање. Во 2014 год се борел во воздушно-десантната бригада на војната на Крим.






Дали тој несакајќи го откри украинскиот план за офанзивата?, анализира Марио Галиќ за хрватски Индекс. КиевПост исто така го цитираше интервјуто на Костенко но напиша дека украинскиот пратеник само шпекулирал за можната офанзива.

 

Ако сè оди по планот, во ваквата офанзива следни чекори би биле поморската пешадиска бригада 37 и 38 со извидувачки возила АМХ-10РЦ набавени од Франција да ја поминат реката широка 500 метри за околу четири минути. Не се знае дали и колку од овие возила ќе бидат испорачани бидејќи француското Министерство за одбрана ги прогласи овие испораки за државна тајна. Се спомнува цифрата од 30 возила, но може да бидат и повеќе.

Овие возила би можеле да уништуваат руски тенкови на растојанија до 1 километар со помош на артилериска муниција од 105 милиметри.

На Твитер се појавија видеа од овие возила кои наводно пристигнале во Украина.

 

На изјавите на  Костенко следеше бурната реакција на Хана Маљар, заменик-министерката за одбрана на Украина.

Таа на Фејсбук напиша:

„Секое спомнување на контраофанзива е неточно. Тоа е огромен комплекс на акции и напори извршени од украинската армија. Овие напори вклучуваат подготовка на опрема, луѓе, резерви и развој на тактики – планови А, Б и В. Вооружените сили на Украина не подготвуваат некој единствен план за одредено време или одредена насока. Наместо тоа, тие подготвуваат широк спектар на одбранбени и контраофанзивни стратегии секој ден“.

Посебно е интересно што таа тврди дека активностите поврзани со контраофанзивата веќе се започнати, не само во и околу клучниот град Бахмут, туку и во други области.

Во меѓувреме украинскиот претседател побара повеќе вооружување од западните сили.

Поврзани содржини
na