ЗБОГУМ СИРОМАШТИЈО Србите се пофалија: Имаме најголем раст на платите во светот!
Србија која забележа раст од 15,2% е на првото место на листата што ја објави World of Statistics
Српските медиуми денеска се пофалија со една надежна вест – Србија има најголем раст на платите во светот, во изминатите пет месеци. Веста се базира на податоците од World of Statistics и листата на земји со најголеми зголемувања на платите од декември минатата година.
Србија, која забележа раст од 15,2%, е на првото место на листата, а зад неа, во Топ 5, се Босна и Херцеговина, Португалија, Белорусија и Романија.
Македонија, на листата на World of Statistics, е во долната „црвена зона“ со пад на просечната плата во последните пет месеци од -2,8%.
Wage growth (from Dec 2022):
🇷🇸 Serbia: 15.2%
🇧🇦 Bosnia and Herzegovina: 14.86%
🇵🇹 Portugal: 14.2%
🇧🇾 Belarus: 13.2%
🇷🇴 Romania: 13%
🇵🇱 Poland: 12.6%
🇭🇷 Croatia: 11.8%
🇸🇮 Slovenia: 10.66%
🇧🇪 Belgium: 10.2%
🇪🇪 Estonia: 9.2%
🇦🇷 Argentina: 7.88%
🇺🇸 USA: 7.04%
🇨🇾 Cyprus: 5.9%
🇬🇧 UK:…— World of Statistics (@stats_feed) May 17, 2023
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека до крајот на годината ќе има уште зголемувања. Според најавите на Вучиќ, просечната плата во Србија до декември 2023 година треба да биде 837 евра, во 2024 година да достигне 930 евра, во 2025 година 1025 евра, а крајот на 2026 година да изнесува 1124 евра.