ЗАТОА ЛИ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД РАК ЗА 79,1 ОТСТО? Одговорот на научниците нема да им се допадне на младите

Иако допрва ќе се истражува, нездравиот живот и начин на исхрана, неспортувањето, тутунот, алкохолот, и кај мажите и жените, односно раѓањето деца на подоцнежна возраст кај жените се меѓу првите фактори за кои научниците сметаат дека придонеле да се случи скок од речиси 80 отсто во случаите со рак кај луѓето помлади од 50 години низ целиот свет во последните 30 години, односно во периодот од 1990 до 2019 година.

2,290

Научниците уште не можат точно да ја објаснат студијата која покажа дека дури 79,1 отсто повеќе луѓе имале рана појава на рак во последните 30 години, меѓу оние кои се помлади од 50 години. Но, самата студија веќе понуди неколку можни одговори, пишува ИФЛ Наука.

Како причина се споменува раѓањето на подоцнежна возраст кај жените што предизвикува рана појава на рак на дојката, но исто така, многу ниското ниво на физичка активност кај младите луѓе, употребата на алкохол и тутун, употребата на орални контрацептиви, нулипаритетот.






Истрагата продолжува. Дали можеби во последните 30 години, поточно за периодот меѓу 1990 и 2019 година за кој е правена студијата, младите луѓе почесто се тестирале за рак? Па, иако „расте распространетоста на западниот начин на живот“ и подобриот скрининг за рак одиграле улога во зголемената бројка на случаи, тимот вели дека факторите кои го поттикнуваат ова зголемување сè уште не се докрај јасни.

Она што тимот го открил е дека ракот на дојката е тип на рак со ран почеток со највисок морбидитет, со значително зголемување во регионите на Азија, зголемувајќи се од 4,9 на 13,1 на 100.000 луѓе во 1990 година на 8,7-15,6 на 100 илјади луѓе во 2019 година.

Случаите со рак од рана пак се зголемиле за 27,7 отсто.

Значи, колку треба да бидеме загрижени? Иако зголемувањето на ракот може да звучи алармантно, постојат бројни фактори во игра.

Научниците велат дека треба да се земе предвид и зголемениот број на луѓе на планетата, односно демографските промени. Според професорката Дороти Бенет од Универзитетот Сент Џорџ во Лондон, тогаш заклучокот е речиси спротивен.

– Зголемувањето на бројот на смртни случаи од рак во оваа возрасна група беше значително помало отколку кај дијагнозите, што е подолу од зголемувањето на вкупното население и бројот на случаи, што укажува на пад на просечната стапка на смртност од рак во оваа група – вели таа.

Сепак, тимот истакна дека факторите на животниот стил се двигател на ракот кај луѓето под 50 години, што сугерира област на која треба да се фокусира за подобрена превенција.

„Ризичните фактори во исхраната, употребата на алкохол и консумацијата на тутун беа главните фактори на ризик за врвни рани карциноми во 2019 година“, напиша тимот во својот заклучок.

„Поттикнувањето на здрав начин на живот, вклучувајќи здрава исхрана, ограничување на консумацијата на тутун и алкохол и соодветна активност на отворено, може да го намали товарот на ракот со ран почеток. Вреди да се истражи дали треба да се преземат програми за ран скрининг и превенција за ран почеток на ракот да се прошири за да вклучи лица на возраст од 40-44 и 45-49 години, но дополнителни систематски студии и рандомизирани испитувања се неопходни за да се направи конечна определба“, се вели во студијата.

Сепак, раководителката на истражувањето, д-р Ксуе Ли од Центарот за глобално здравје на Институтот „Ашер“ при Универзитетот во Единбург во Шкотска, смета дека ракот во рана возраст покажува „нагорна линија“ за последните 30 години, но дека „вкупната стапка на инциденца е стабилна“ од 2010 до 2019 година.

Таа препорачува урамнотежена исхрана, непушење, многу вежбање и безбедно, умерено изложување на сонце.

Поврзани содржини