ЗАСПАНА ЦРНА ДУПКА Научниците открија невообичаено небесно тело
Астрономите ја опишаа оваа црна дупка како „игла во стог сено“. Веруваат дека „заспаните“ црни дупки се релативно чести ширум Вселената, но се знае многу малку за нив, а и потврдените примери се ретки.
Под ознаката „ВФТС-243“ се води новооткриеното небесно тело, за кое научниците тврдат дека е црна дупка, но за разлика од другите досега откриени, оваа црна дупка настанала без претходна екплозија на некоја ѕвезда.
Други црни дупки се одамна откриени, но научниците велат дека ова е недвосмислено вселенско тело од посебен вид – т.н. „заспана“ црна дупка, која мирува и има маса на ѕвезда. Тимот зад откритието го доби прекарот „полиција за црните дупки“, што е последица на нивната претходна работа.
За да ја пронајдат оваа црна дупка, истражувачите погледнале речиси 1.000 масивни ѕвезди во маглината Турантула – дел од Големиот Магеланов Облак. Тие барале ѕвезди коишто можеби имаат „придружни“ црни дупки близу себе.
– Првпат, нашиот тим се собра за да пријави откривање црна дупка, наместо да ја отфрли, изјави предводникот на научниот труд – Томер Шенар од Универзитетот на Амстердам.
Астрономите ја опишаа оваа црна дупка како „игла во стог сено“. Веруваат дека „заспаните“ црни дупки се релативно чести ширум Вселената, но се знае многу малку за нив, а и потврдените примери се ретки. Тешко е да се забележат делумно затоа што се во мирување. Тоа значи дека немаат многу интеракција со сѐ тоа околу нив.