„ЗАШТИТНИОТ ЅИД“ НА ГЕРМАНСКИТЕ ПАРТИИ ПОЧНА ДА СЕ РОНИ Дали АфД има шанси на изборите во Бранденбург?
Дури и ако победи АфД, тешко дека ќе може да владее со државата, бидејќи ќе ѝ недостига мнозинство. Останатите партии поставија таканаречен „заштитен ѕид“ и одбија да работат со Алатернатива за Германија. Партијата на Вагенкнехт, 9-месечна отцепена група од екстремно левичарската Ди линке, веројатно ќе биде моќен актер во постизборниот период. Критичарите велат дека заштитниот ѕид сè потешко ќе се одржува доколку АфД продолжи да има добри резултати на изборите.
Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) се надева дека ќе дојде на врвот на изборите во германската покраина Бранденбург в недела, 3 недели откако оствари историски придобивки во два други региони.
АфД, која е класифицирана како десничарска екстремистчка партија во неколку држави од домашните разузнавачки агенции, е речиси изедначена со социјалдемократите (СПД) на канцеларот Олаф Шолц во државата која е појас на урбани и рурални заедници што го опкружуваат главниот град Берлин.
Конечните анкети покажаа дека АфД има многу мало водство од 28% поддржаност, при што СПД значително го намали јазот во последните денови од кампањата за да достигне 27%. Конзервативната ЦДУ има 14%, а новата левичарска конзервативна Алијанса на Сахра Вагенкнехт (БСВ) има 13% поддржаност, пишува британски Гардијан.
Зелените и про-бизнис ФДП, помали партнери во сè пораспарчената тринасочна коалиција на Шолц, ќе се борат да ги освојат тие 5% потребни за влез во државниот парламент, како и левичарската Ди линке (Die Linke), според анкетите.
Околу 2,1 милион луѓе, вклучително и 100.000 гласачи, кои гласаат првпат, се регистрирани за гласање, откако старосната граница за гласање е намалена на 16 години.
Гласачкото ливче се смета за референдум за федералната влада, чиј рејтинг на популарност е на рекордно ниско ниво, и за предвесник на исходот од федералните избори следната есен.
СПД владееше во државата од обединувањето пред 34 години и беше партија на сите тројца лидери кои владееја во тоа време.
Дитмар Вајдке од СПД, кој го водеше Бранденбург 14 години, вети дека ќе поднесе оставка доколку АфД ја победи неговата партија, а според некои толкувања, станува збор за коцкање со високи влогови врз основа на неговата популарност како „татко на државата“. АфД исто така повика Шолц да поднесе оставка.
Во понижувачки гест кон лидерот на Германија, Вајдке не само што ја критикуваше федералната влада во својата кампања, туку и целосно го исклучи Шолц од неа. На најнепопуларниот канцелар досега му беше забрането да се појавува на митинзите на СПД во државата, иако тој и неговата сопруга Брита Ернст живеат во нејзиниот главен град, Потсдам.
Иако станува збор за една од најмалите германски покраини по население, гласањето се смета за значајно за целата земја, а резултатите со неизвесност се чекаат низ целиот континент.
На 1 септември, АфД стана најсилната партија на државните избори за првпат во источната покраина Тирингија каде што обезбеди околу 33% од гласовите. Во соседна Саксонија, таа се најде на второто место, со околу 30%, тесно поразена од владејачката централно-десничарска Христијанско-демократска унија (ЦДУ).
Кампањата се фокусираше на прашањата за имиграцијата, енергетската транзиција, стравувањата од економска рецесија и на германската поддршка за Украина, а сите тие прашања се важни во поранешната источна Германија, водена од комунизмот, при што АфД се покажа како особено вешта во способноста да се прилагоди на грижите на гласачите.
Дури и ако победи АфД, тешко дека ќе може да владее со државата, бидејќи ќе ѝ недостига мнозинство. Останатите партии поставија таканаречен „заштитен ѕид“ и одбија да работат со Алатернатива за Германија.
Партијата на Вагенкнехт, 9-месечна отцепена група од екстремно левичарската Ди линке, веројатно ќе биде моќен актер во постизборниот период. Критичарите велат дека заштитниот ѕид сè потешко ќе се одржува доколку АфД продолжи да има добри резултати на изборите.
На национално ниво, сите 3 партии во коалицијата на Шолц заедно имаат помалку гласови од опозициската ЦДУ на Фридрих Мерц кој овој месец беше формално назначен за кандидат за канцелар на партијата на сојузните избори во септември 2025 година.