„ЗАРАДИ ЕПИДУРАЛНАТА ЕДВАЈ ПРЕЖИВЕАВ“ Млада мајка предупредува на негативните ефекти од анестезијата
Младата мајка Клои Холбрук (22) од Англија едвај преживеала откако доживеала ретка реакција на епидуралната анестезија – срцето ѝ откажало неколку минути и била ставена во индуцирана кома.
Тешките компликации од епидуралната употреба се ретки, но сепак постојат. Мајка од Англија доживеала тешка компликација на епидурална анестезија – колабирала и била мртва осум минути откако лекарите ѝ вбризгале само мала количина од лекот во телото. Нејзиниот партнер Рис (24) во ужас гледал како таа се онесвестила. Однесена е на итен царски рез за да го роди нивниот син по име Хуго, пишува Mirror.
За среќа, мајката и бебето целосно се опоравиле. Зборувајќи за Мирор, Клои вели: „Воопшто не можам да ја обвинам Националната здравствена служба и засекогаш ќе им бидам благодарна што ме спасија мене и моето момче. Но, пропуштив сѐ за што сонував кога бев бремена: Да го слушнам првиот плач на Хуго или да гледам како Рис ја сече папочната врвца. Се разбудив од кома целосно дезориентирана и без сеќавање, сето тоа затоа што не знаев за ризикот што го носи епидуралната“, вели Клои.
Клои била примена во болница во 38-та недела на 14 декември минатата година. Сѐ било во ред – сѐ додека не се согласила на епидурална. Клои добила силна главоболка бидејќи ѝ паднал крвниот притисок, пред да дојде до застој на срцето. Лекарите побрзале да започнат со масажа на срцето, а потоа направиле царски рез во обид да го спасат животот на Хуго. Момчето на почетокот не давало знаци на живот, но за неколку секунди се опоравило, додека на Клои ѝ бил вбризган адреналин.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.