ЗАПОЧНА ВЕЖБАТА ОД КОЈА СИТЕ СЕ ПЛАШЕА Пеколните С-400 го распараа небото над Белорусија (ВИДЕО)
Според процените, 30.000 трупи веќе се на терен во Белорусија и треба да учествуваат.
Порталот РусијаДенес на својот Јутјуб-канал само што објави видео од вежбите и заедничките маневри на Русија и Белорусија кои започнаа утринава, а ќе траат во наредните 10 дена. На видеото можат да се видат руските антиракетни системи С-400, но и оклопни возила.
Истовремено, на овој „ескалаторски“ потег, како што САД ги нарекоа вежбите, ќе одговори и Украина. Неодамна беше обзнаено дека Украинците ќе вежбаат со своите дронови „Бајрактар“ од турско производство.
Но, токму справувањето со овие дронови ќе биде една од целите на заедничката вежба на Путин и Лукашенко. Според процените, 30.000 трупи веќе се на терен во Белорусија и треба да учествуваат.