ЗАМИСЛЕТЕ СИ ДЕКА НАШАТА ПЛАНЕТА Е ЈАБОЛКО! За важноста на почвата и за тоа како да го одржиме нејзиното здравје
Што појадувавте утрово? Житарки, јогурт, овошје? Дали сте размислувале за тоа од каде доаѓаат тие? Што е заедничко за сите нив? За сите треба плодна почва…А знаете ли дека кога ќе се изземат водните површини, пустините, премногу ладните, премногу топлите области, шумите, итн…дека остануваат само 10 до 15% од површината на нашата планета?
Минатата недела во Скопје, во организација на АРНО (организација за социјални иновации) и Земјоделскиот институт – Скопје, се одржа настанот за национален ангажман NATI00NS: Здрави почви + зелен бизнис = инвестиции во нашата иднина кој е вовед во Мисијата „Договор за почвата за Европа“ која е една од 5-те Мисии на ЕУ, која води кон здрави почви до 2030 година.
Здравата почва е клучна за сите животно-одржувачки процеси на земјата. Поседува континуиран капацитет за да ги поддржи сите потреби на екосистемот, но за жал, поради човечките активности, вклучувајќи и антропогени климатски промени, често засилено со недостаток на разбирање или образование, се загрозуваат околу 2/3 од европските почви: земјоделски, природни и рурални.
Во таа смисла, за да укаже на тоа колку е значајна почвата за сите нас, но и колку мал дел всушност од планетата е употреблива како плодно земјиште, Ирина Јаневска од АРНО употреби метафора и ја спореди планетата со јаболко.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.