ЗАМИНАЛ ОД СКОПЈЕ КАКО ТИНЕЈЏЕР, СЕ ВРАЌА ДА ГИ ПРОМОВИРА ТРЕТИОТ ФИЛМ И ПРВАТА КНИГА Кога Македонија ти е мала, а желбата за успех голема

Триесетгодишниот скопјанец Христијан Костовски заминал од дома на 16 години. Никогаш не го сакал училиштето, па завршил вонредно, а потоа се едуцирал самиот или на курсеви за работите што го интересираат – уметност и психологија. Денес живее во Малта, работи како проект-менаџер во фирма за организација на настани, а патем, со тим од 14 луѓе снима уметнички филмови, за кои самиот ги пишува сценаријата и ги режира. Неговиот трет филм кој веќе освоил неколку награди ќе биде прикажан утревечер (12.јули) во Бифе Тафталиџе каде што ќе биде и авторот на музиката Кокан Димушевски. А да, истовремено ќе биде промовирана и првата книга на Христијан „Земи здив“.

1,900

Христијан Костовски заминал од Скопје на 16 години откако вонредно го завршил средното училиште. Никогаш не го сакал училиштето и седењето на часови за да слуша работи што не го интересираат. Но тоа не значи дека не го интересирало ништо. Напротив, ги сакал уметноста и психологијата, читал, разговарал со повозрасни луѓе, слушал и ги впивал нивните мудрости и знаења. Се едуцирал самиот себеси, а подоцна во животот завршил и некои курсеви за работи кои го интересираат. Македонија од секогаш му била тесна, а многу рано добил желба да се осамостои и да направи нешто самиот во животот, да стекне самодоверба и самопочит. Денес има 30 години, живее во Марсаскала, приморски град во југоисточниот регион на Малта, работи како проект-менаџер во фирма за организација на настани, а патем, направил и тим од 14 луѓе со кои снима уметнички филмови, за кој тој самиот ги пишува сценаријата и ги режира. Со својот трет филм веќе освоил неколку награди, а заедно со авторот на музиката и мајсторот за звукот во филмот, Кокан Димушевски, ќе бидат утревечер (12.јули) на неговата промоција во Бифе Тафталиџе.

А да, истовремено тоа ќе биде и промоција на првата книга на Христијан насловена како „Земи здив“, со поднаслов „Уметничка еволуција како најголема револуција“, а претставува, како што вели,  филозофско-психолошка книга со главно, негови размисли и ставови за животот и за светот. Веќе шест години е во брак со Драгана, својата тинејџерска љубов на која уште на 16 години ѝ понудил да замине со него, а таа прифатила дури 8 години подоцна. Го имаат петгодишниот син Ахил, кој со оглед на тоа што одел во градинка во која се зборува британски уште од седуммесечна возраст, го прифатил англискиот за свој прв јазик па на неговите родители кои постојано му зборуваат македонски, иако разбира сѐ, засега им одвраќа само на англиски.






Христијан пораснал во населба Илинден, во Скопје и иако некој можеби ќе помисли дека нема добри односи со своите родители штом заминал од дома на 16 години,со едно ранче и само 100 евра во џебот, Христијан веднаш го демантира тоа.

„Јас сум во одлични односи со своите родители и се разбира дека имаше малку убедување со нив, особено со мајка ми, кога на 16 години решив да заминам, ама тие ме знаат каков сум, а не сум од оние кои секојдневно се слушаат со родителите. За да ви илустрирам ќе ви кажам дека толку сакав да сум независен и да направам нешто самиот што дури и во една ситуација подоцна, кога со мојот најдобар другар кој ми е сега кум бевме на Малта, имавме само 9 евра, немавме работа, ниту стан или пари за билет назад, не помислив да кажам, ајде, ќе се јавиме дома да ни пратат пари. Сето тоа беше за мене едно незаборавно искуство“, вели Христијан.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини