ЗАМЕНИ ЗА БРАШНО ЗА КОИ ВЕРОЈАТНО НЕ СТЕ СЛУШНАЛЕ Безглутенски брашна од егзотично коренесто растение, од банани, кафе, грозје
Кој си има мака, можеби истражувајќи ги видел овие видови на безлгутенски брашна, но ако не сте слушнале за нив досега, можеби ќе ви бидат корисни овие информации
Ако веќе некое време не консумирате глутен, тогаш сигурно сте истражувале многу опции за брашно без глутен, а ние ви откриваме уште четири замени за кои веројатно никогаш не сте слушнале. Станува збор за малку поегзотични намирници.
Брашно од тајгер нат (tigernut). Ова е неалергенски, малку сладок, коренест зеленчук кој расте на Блискиот Исток и во Африка. Содржи многу добар баланс на протеини, јаглени хидрати и масти, а истражувањата покажале дека може да биде многу важен фактор во лекувањето на дијабетес и дебелина.
Можеби ова брашно нема да го најдете во секоја продавница, но доколку го видите, задолжително пробајте го. На крајот на краиштата, секогаш можете да го нарачате преку Интернет.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.