ЗАЛЕПИ СИ ЈА УСТАТА И ДИШИ НА НОС Опасен тренд се шири на Тик-Ток
Хаштагот #mouthtaping (лепење на устата) има 24 милиони прегледи на интернет-платформата и вклучува серија видеа во кои корисниците демонстрираат лепење на усните во обид да го поттикнат дишењето со носот за време на спиењето.
Лепење на устата ноќе за да се поттикне дишење со носот при спиењето, новиот тренд на Тик-Ток е оценет како опасен по здравјето.
Хаштагот #mouthtaping (лепење на устата) има 24 милиони прегледи на интернет-платформата и вклучува серија видеа во кои корисниците демонстрираат лепење на усните во обид да го поттикнат дишењето со носот за време на спиењето.
– Целта е да дишете низ нос додека спиете, а не преку уста. Тоа овозможува подобра орална хигиена, помалку сува уста и помалку ‘рчење – објаснува еден корисник.
Има малку научни истражувања за придобивките од лепењето на устата и стручњаците брзо ги отфрлија овие лаички тврдењата на Тик-Ток.
– За жал, лепењето на устата е екстремен начин да се поттикне дишењето со носот што има сериозни здравствени ризици. Во тој случај, лепењето уста ќе го влоши вашето здравје и може да придонесе за посериозни проблеми како што се срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар, особено ако се применува додека страдате од апнеја при спиење – изјави д-р Џејмс Вилсон за Њусвик.
Британската фондација за сон откри дека несаканите последици од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усната и нарушување на спиењето поради отежнато дишење преку нос. Опасностите може да бидат особено високи за оние со апнеја при спиење, што е состојба кога дишење престанува и почнува за време на спиењето.