ЗАКЕРБЕРГ ЈА СМЕНИ СЛИКИЧКАТА ОТКАКО ГО ИСМЕВАА Еве како ќе изгледаат новите аватари во метаверзумот (ФОТО)

Знам дека фотографијата што ја објавив претходно оваа недела беше прилично базична – беше направена многу брзо за да се прослави лансирањето (на програмата), напиша Закерберг во новиот пост. Графиката во Хоризонт е способна за многу повеќе, дури и на слушалките за виртуелна реалност, Хоризонт се подобрува многу брзо

144

Газдата и управител на фирмата Мета, која некогаш ја викавме Фејсбук, конечно ги смени приказите за тоа како ќе изгледаат аватарите во новиот -Метаверзум кој се очекува компанијата да го лансира. Првиот груб дизајн, на кој се гледа неговото лице цела недела беше мета на критиките, пишува магазинот Енеми.

Исмејуваната слика го прикажува Закерберг како стои пред Ајфеловата кула и пред црквата Саграда Фамилија во Барселона. Толку мемиња беа направени што мораше да се отвори посебен вебсајт за нив, наречен knowyourmeme.com.

 






Се работи за аватар од програмата Horizon Worlds, која ќе им овозможува на луѓето да создаваат свои мета-простори и светови на Meta Quest 2. Програмата е веќе лансирана во Франција и во Шпанија.

„Знам дека фотографијата што ја објавив претходно оваа недела беше прилично базична – беше направена многу брзо за да се прослави лансирањето (на програмата)“, напиша Закерберг во новиот пост.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

„Графиката во Хоризонт е способна за многу повеќе, дури и на слушалките за виртуелна реалност, Хоризонт се подобрува многу брзо“.

Meta Quest 2 беше подложен на зголемување на цената од 1 август, при што ВР-слушалките сега чинат дополнителни 100 фунти. Мета се обиде да го олесни зголемувањето нудејќи бесплатни копии на играта Beat Saber до крајот на оваа година со секое ново купување.

Поврзани содржини