ЗАГРЕПЧАНКА РЕШИЛА ДА ЈА ПОДАРИ СВОЈАТА СВАДБА „Не сакам пари, само сакам некого да усреќам“

Сакајте се секој ден како да нема утре, порачала несреќната девојка на крајот од својата великодушна објава на Фејсбук групата Фабрика за венчавки („Tvornica Vjenčanja“)

455

За многумина свадбата е еден од најубавите денови во животот, а се што сакаат младенците е покрај себе да го имаат партнерот и најблиските луѓе. Но, понекогаш работите тргнуваат наопаку во животот и се случуваат некои неочекувани и страшни работи.

Така, една невеста во Фејсбук групата Tvornica Vjenčanja споделила тажна објава во која напишала дека подарува сѐ што им е потребно на младенците за свадба, од сала, музика и балони, до храна и украси.
Имено, вереникот на девојката починал, а сѐ што таа сака сега е да усреќи еден пар и тоа бесплатно.






„Драги идни невести, поради мојата нова ситуација, откако ми почина вереникот, подарувам сѐ што е поврзано со самиот чин на венчавката, единствено немам покани, а и благодарниците се персонализирани така што не можам да ги подарам. Ја подарувам салата Heart by Lido во Загреб“, напишала таа во објавата на Фејсбук.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини