ЗАГРЕБ ЌЕ БИДЕ ПРВ ЦЕЛОСНО ДА ЈА ДОЗВОЛИ МАРИХУАНАТА? Нов закон предлага одгледување до девет растенија и тргување со билката

Очекувам дека нашиот предлог ќе биде поддржан од претставници на СДП, Зелено-левиот блок и ГЛАС Центар... Од друга страна, Владата не покажува волја за нашиот законски предлог, вели Ивана Посавец Кривец, лидерка на Клубот на социјалдемократите.

183

Целосна легализација на марихуаната, меѓу другото и одгледување до девет растенија во вашиот приватен дом се предвидува во Хрватска со новиот Закон за искористување на целосниот потенцијал на конопот, пренесува Б92. Нивниот „lex specialis“ кој го предложуваат Социјалдемократите подразбира, имено, дека законот ќе се применува без разлика на постоечкиот Закон за сузбивање на злоупотреба на дрога.

Понатаму, со овој закон се предлага „носителот или членот на ОПГ да има право да се занимава со комерцијални активности поврзани со одгледување, преработка и трговија со сите сорти на коноп, а за целите на здравствениот систем коноп може да се сади до „секое правно или физичко лице кое ги исполнува критериумите за висококвалитетно одгледување и производи од коноп“.






„Новата германска влада во својата програма вети и легализација на канабисот за рекреативни цели. Причините поради кои легализацијата на конопот стана (светски) тренд не се само медицински и еколошки, туку и економски. Имено, земјите кои го легализираа конопот за рекреативни цели има исклучително позитивни економски резултати“, тврдат социјалдемократите.

Тие додаваат дека Хрватска „за жал ја пропушти можноста да биде првата земја во Европа што ја декриминализира и регулира употребата на коноп за рекреативни, здравствени, земјоделски, индустриски и други цели“.

– Предлогот најверојатно нема да помине затоа што сè уште сме такво (конзервативно) општество. Самиот факт што успеавме да воведеме ваква расправа во парламентот е голем чекор напред. Очекувам дека нашиот предлог ќе биде поддржан од претставници на СДП, Зелено-левиот блок и ГЛАС Центар… Од друга страна, Владата не покажува волја за нашиот законски предлог – вели Ивана Посавец Кривец, лидерка на Клубот на социјалдемократите.

Поврзани содржини