ЗАЕДНИЧКОТО СПИЕЊЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОПАСНО ПО ЖИВОТОТ НА БЕБЕТО Најмалку до 6 месеци, наместо со вас во кревет, нека спие во колевка до вашиот кревет
Родителите кои делат кревети со своите деца најчесто како причини ги наведуваат „олеснувањето на доењето, културолошките преференци и верувањето дека тоа е подобро и побезбедно за нивното бебе“. Експертите препорачуваат најмалку до 6 месеци, наместо со вас во кревет, бебето да спие во колевка до вашиот кревет
Медицински стручњаци зборуваат за заедничкото спиење на родителите со нивните бебиња, постапка која може да доведе до смрт на детето. Заедничкото спиење или споделување кревет со новороденчето е една од причините за ненадејна смрт на доенчиња. Во 2020 година, 905 бебиња во Америка починале од „случајно гушење и задушување во кревет“, според податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Приближно 3.400 доенчиња (под една година) умираат ненадејно и неочекувано во САД секоја година.
„Нема веднаш очигледна причина“, известува ЦДЦ на страницата со факти и статистика за синдромот на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS).
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.