ЗАЕДНИЧКОТО РОДИТЕЛСТВО ПОСЛЕ РАЗВОД Е ЗНАК НА ЗРЕЛОСТ Партнерите остануваат во ист тим и после разводот

Еден од најзначајните фактори за развојот на детето после разводот е начинот на кој ќе продолжи комуникацијата и сорабoтката помеѓу родителите.

149

Можеби еден од најголемите предизвици во светот на возрасните и зрелото живеење е да научиме како да се разделиме и како да продолжиме со ефективната комуникација во функција на грижа и воспитување на детето. Тимската работа, поддршка и соработка сепак би требало да продолжи и после разводот, бидејќи на детето му е потребно и двајцата родители да бидат во добро физичко и психичко здравје, за да му се посветат најдобро што знаат и умеат во новонастанатите околности.

Начинот на разделба може да биде исполнет со конфликти, повреди и навреди и иако понекогаш изгледа невозможно, доколку пред нас стои една единствена цел, а тоа е добросостојбата на детето, останува на двете страни најпрво да ја прифатат реалноста и да го побараат мирот прво во себе, а потоа и во комуникацијата со другиот родител.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини