ЗАБРАНЕТО ЗА ПОМЛАДИ ОД 18 ГОДИНИ Унгарија забрани посета на изложбата „Ворлд прес фото“ поради фотографии со ЛГБТ содржина

Според унгарските власти, на овогодинешната изложба на „Ворлд прес фото“, спорни се петте фотографии на филипинската фоторепортерка Хана Рејес Моралес со забранета ЛГБТ содржина.

394

Лица помлади од 18 години не смеат да ја посетат овогодинешата излжба  на „Ворлд прес фото“ (World Press Photo) во Будимпешта, дури ни со согласност на нивните родители, бидејќи некои од изложените фотографии биле со недозволена ЛГБТ содржина. Унгарската влада ја изрече забраната за престижната светска изложба со образложение дека дел од фотографиите е прекршен Законот кој ограничува прикажување на ЛГБТ содржина на малолетници.

Престижната светска изложба на најдобрите фотографии од фоторепортери од целиот свет е поставена во Националниот музеј на Унгарија и годишно ја гледаат повеќе од четири милиони луѓе од целиот свет. Основната мисија на оваа изложба на Ворлд прес фото е визуелно да се претстават важни светски настани.






Според унгарските власти, на овогодинешната изложба спорни се петте фотографии на филипинската фоторепортерка Хана Рејес Моралес со ЛГБТ содржина. Унгарски пратеник поднесе жалба до Министерството за култура, кое утврдило дека тие го прекршуваат Законот со кој се забранува прикажување на ЛГБТ содржини на малолетници.

Поврзани содржини