ЗАБРАНЕТО СТАРЕЕЊЕ, СЕКИРАЊЕ И БЕРЕЊЕ ТУЃО ГАЈЛЕ! За нив песната е лек, а сестринството – енергија и двигател!

Песната е лек. Женската сила е ритамот. А Фрида од Македонија е местото каде што тоа станува реалност. Ова е приказната за женскиот аматерски хор Фрида од Македонија и за неговата основачка Сузана Турунџиева за која тој е остварување на нејзиниот детски сон, но наместо женски бенд со 4, 5 или најмногу 6 жени, сега има хор од 130 убави, цветни и распеани Фриди

319

Не е лесно да се менаџираат 130 жени, потребни се многу љубов, трпение и умешност, признава Сузана Турунџиева, водителка, пејачка и писателка, која пред две години, како што вели, некако судбински и непланирано, го формираше женскиот аматерски хор, Фрида од Македонија кој денес брои 130 членки.

– Како и сѐ во мојот живот, така и формирањето на овој необичен хор (Фрида) ми се случи судбински, непланирано. Првично, во мојата визија постоеше идеја да формирам детско хорче, но на аудицијата за тоа хорче не се пријавија доволно деца, туку се пријавија возрасни жени, кои имаа многу очигледна желба и потреба за пеење, дружење и групно музицирање, без никакво експонирање, ниту пак идеја за настапување – раскажува Сузана за почетокот на овој хор кој, наспроти првичната замисла, денес веќе има зад себе и поголем број јавни настапи, па дури и самостојни целовечерни концерти.






– Започнавме скромно со 9 членки, а потоа секојдневно бројот се зголемуваше. Кога после неколку месеци бројот на членки се зголеми доволно, репертоарот веќе се оформи, така и нивната желба за нешто повеќе стана сѐ поизразена. Поточно тие посакаа она што го доживуваат на проба, да „излезе“ од просториите во кои вежбавме и јавно да го споделат и со нивните блиски, роднини и пријатели на некоја сцена.
Па така, од првото наше јавно појавување, па сѐ до денес и публиката ни е сѐ побројна, а и восхитот од јавноста е сѐ поголем. Денес имаме вкупно 130 членки, поделени во 2 секции кои гордо се нарекуваат Фриди Македонски – вели Сузана горда на себе и на своите бројни пријателки од хорот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Поврзани содржини