ЗАБЕЛЕЖАЛ НЕШТО НА ДНОТО ОД ХОТЕЛСКИОТ БАЗЕН ВО ТУРЦИЈА И СПАСИЛ ЖИВОТ 10-годишно момче го воодушеви светот со својот херојски подвиг

Луис го извлекол телото на четиригодишното момче од дното на хотелскиот базен додека бил на одмор во Турција кое во тој момент не давало знаци на живот, но благодарение на херојскиот подвиг и на брзата реакција на неговиот татко кој го реанимирал, по неколку минути закрепнал.

1,526

Десетгодишниот Луис Хедон од Источен Јоркшир,  го извлекол телото на четиригодишното момче од дното на хотелскиот базен додека бил на одмор во Турција. Малото момче во тој момент не давало знаци на живот, но благодарение на херојскиот подвиг на Луис и брзата реакција на неговиот татко кој го реанимирал, по неколку минути закрепнал.

Имено, Хедон пливал во базенот на хотелот во кој престојувало неговото семејство во Белек, во близина на Анталија, кога забележал дека има нешто на дното од базенот. Прво помислил дека е ѓубре, но нурнал да провери пишува Мирор.






Тоа не било ѓубре, туку телото на четиригодишно дете. И покрај страшната глетка, 10-годишниот Луис регаирал многу присебно и успеал да го извади телото од дното на базенот. Детето било речиси мртво во тој момент и немало пулс.

Но, откако му ја исцедиле водата од белите дробови, тој оживеал. После тоа итно бил пренесен во болница.

Неговиот татко за Мирор изјавил дека тоа бил вообичаен ден како и секој друг, за време на нивниот одмор, одморале и се сончале покрај базенот, се до драматичниот момент.

– Накратко се вратив во собата што беше во близина. Мојата сопруга, Ели, беше со нашите три момчиња покрај базенот кога Луис викна дека нашол нешто на дното. Отпрвин мислел дека е ѓубре или нешто слично, но кога нурнал сфатил дека е дете. Успеа да го извлече. Како пожарникар сум трениран да давам вештачко дишење, па помогнав – раскажа таткото на момчето.

Благодарение на храброста на 10-годишниот Луис и на брзата реакција, животот на малото дете бил спасен во последен момент.

Поврзани содржини