ЗА ВАКВА ЛУДОСТ Е ПОТРЕБНО НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ПАМЕТ Чех возел со над 400 км/час на автопат, а не му било прв пат (ВИДЕО)

Интересно, и покрај тоа што возел со толку голема брзина, возачот не го прекршил законот бидејќи се работи за делница без ограничување на брзината.

1,690

Брзината од 400 км/ч значи дека поминувате 111 метри пат на секоја секунда. Сосема е јасно колку е несовесно ова да се прави на јавен пат, дури и при многубројни подготовки. Лицето што го направи тоа на германски автопат е чешкиот бизнисмен Радим Пасер. Тоа било во 2015 година, кога со Бугати Вејрон возел 402,5 км/ч.

Сега тој се врати и реши да го направи истото во моделот Чирон. 58-годишниот бизнисмен го предал Чирон на детален преглед во фабриката на Бугати, а потоа во зори, околу 4:50 часот, кога има најмалку сообраќај, излегол на автопатот.






Активирањето на вториот клуч значело дека нема повеќе блокирање на 381 км/ч и дека Чирон може да оди побрзо. Го стиснал гасот и возел преку 400 км/ч. Тој не се откажал додека брзиномерот не покажа 414 км/ч.

Интересно, и покрај тоа што возел со толку голема брзина, возачот не го прекршил законот бидејќи се работи за делница без ограничување на брзината.

Поврзани содржини