ЗА ВАКА ЗБИЕНИ ЛЕЖАЛКИ ЗЕМААТ 30 ЕВРА? Туристите коментираат фотка од позната плажа во Црна Гора

Има место за уште еден ред, греота за празниот простор да остане неискористен, се пошегувал еден твитерџија.

905

Фотка од збиени лежалки на луксузна плажа во Црна Гора предизвика лавина коментари на Фејсбук. Српските туристи коментираат дека никогаш повеќе не би летувале во Црна Гора и не би платите 20 до 30 евра за ваква поставени лежалки.

„Извештај од терен – Лежалки 20 и 30 евра. Непријатно, затегнато и затнато. Се очекува следната фаза од црногорскиот туризам – лежалки“, вели еден твитерџија.






„Не го разбирам лудилото со лежалки, пешкир, евентуално столче, чадор и толку. Во Бар чинат и до 12 евра“, коментирал друг.

„Во Лучице чинеа 30 евра. Откако ќе ги избројат комплетите, на таа мала плажа земаат по 30.000 евра дневно за еден месец, милион. Само од лежалки“, пишува трет.

„Има место за уште еден ред, греота за празниот простор да остане неискористен“, се пошегувал четврт.

Поврзани содржини