ЗА СЀ СЕ КРИВИ СЕСТРИТЕ КАРДАШИЈАН! Дали сте слушнале за трендот Сефора Кидс?
Трендот Sephora Kids се однесува на деца и тинејџерки кои купуваат во продавници за козметика, понекогаш објавувајќи видеа од нивните купувања и рутини за нега на кожата на интернет, по примерот на инфлуенсерките што ги следат. Сѐ започнало од ќерките на сестрите Кардашијан
Ако поминувате некое време на социјалните мрежи, сигурно сте виделе видеа од 10-годишни девојчиња како влегуваат во дрогерии и парфимерии, пробуваат шминка и купуваат производи за нега на кожа и убавина.
Овој малку загрижувачки тренд е наречен Сефора кидс (Sephora Kids).
Многу луѓе на социјалните мрежи го коментираат ова:
„Тие девојчиња доаѓаат во групи, не е важно дали се две или десет. Често знаат и да украдат нешто. Главно се тоа тестери, но некој мора да плати и за нив“, коментира една жена.
„Кога влегуваат во парфимерија, девојчињата одат од штанд до штанд и ги пробуваат сите шминки.
Ништо не им можеме. Не можеме да ги избркаме, а кога ќе ги предупредиме, можеби некоја од групата ќе се засрами, другите ќе се смеат или дрско ќе одговорат“, додава друга.
Таа смета дека проблемот е што родителите понекогаш не реагираат кога пазаруваат со децата.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.