ЗА НЕА ХРАНАТА И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ НА ПРВО МЕСТО Хајди Бјеркан готви одржливо – со успех

Осум години работела како шеф за норвешкото кралско семејство, а сега, со нејзината мрежа на ресторани, Хајди Бјеркан практикува одржлив бизнис и го пренесува своето знаење на следната генерација, во нејзиното училиште за готвење. Нејзиниот ресторан Credo има симбиотски однос со фармери, рибари и други добавувачи, што им дава взаемна моќ. „Наместо да бараме сертификати, ние градиме долгорочни односи со производителите“ вели Хајди Бјеркан.

164

За наградуваниот норвешки шеф Хајди Бјеркан, храната и земјоделците се на прво место. Иако сопственото готвење скромно го држи во втор план, нејзината страст за квалитетна, добро произведена храна можете да ја вкусите во секое јадење. Со нејзината мрежа на ресторани, таа практикува одржлив бизнис и го пренесува своето знаење на следната генерација, во нејзиното училиште за готвење.

Најдоброто од копно и од море
Хајди често одела на риболов со својот дедо во фјорд. Неговиот брод бил нејзиниот втор дом. Како дете, таа веќе ја почувствувала таа силна врска со копното и морето и непреработените, здрави производи од двата света, што сега ја дефинираат нејзината кујна.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини