„ЗА КРЕТЕНСКОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ-СТАРАТЕЛИ ПО РАЗВОД“ Експерти и родители дебатираа за иницијативата за заедничко родителство
Однесувањето на родителот-старател по развод е често кретенско, а тука мислам пред сѐ, на строгото придржување до терминот за гледање на детето со другиот родител кој најчесто се плаши дека, ако задоцни, веднаш ќе биде пријавен во полиција и ќе му биде ускратено и тоа малку време што му го доделиле за да си го гледа детето.
„Ние сме тука затоа што не можеме да се договориме со поранешните партнери околу заедничкото старателство врз децата, да можевме, немаше да дојдеме до ова дереџе“, согласни се родителите кои присуствуваа на јавната трибина за потребата од носење нов закон за „заедничко и одговорно родителство со кое децата и по разводот ќе имаат подеднаков пристап до двајцата родители.
Адвокатот Јанаки Митровски, професорот по семејно право Дејан Мицковиќ, психологот Данче Пауновска, како и долгогодишниот борец за каузата на граѓанското здружение за заедничко родителство после развод и иницијатор на предлог-измените на законот за семејство, господин Наум Рибароски беа дел од јавната трибина која се одржа синоќа (12.февруари), во организација на здружението „Наши“ и нејзиниот претседател Сашо Панговски, кои се нафатија да ја продолжат борбата на иницијативата која трае барем една деценија.
Учество во дискусијата секако, имаа и родителите кои се засегнати од неправедниот и дискриминаторски систем на доделување на старателство врз децата по развод на едниот родител, кој потоа се однесува како прав газда кој одлучува кога, како и дали тие ќе се видат со другиот родител.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.