ЗА И ПРОТИВ ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА МЛАДИ По Австралија, и други земји размислуваат за итна акција поради влошување на менталното здравје на младите

Франција разгледува слични мерки како оние што ги презеде Австралија и сака да ги забрани социјалните мрежи за лица под 15 години, а британскиот премиер Кир Стармер изјави дека треба да се направи повеќе за заштита на децата на социјалните мрежи

26

Земји како Франција и Велика Британија размислуваат за забрана на социјалните мрежи за деца и дел од тинејџерите, како што направи Австралија минатиот месец. Поддржувачите на таквата забрана предупредуваат дека е потребна итна акција поради влошувањето на менталното здравје кај младите луѓе, но други тврдат дека доказите за лошото влијание на социјалните мрежи се недоволни и дека е потребен поинаков пристап.

Австралија минатиот месец стана првата земја што им забрани на лицата под 16 години да користат многу популарни и профитабилни платформи на социјалните мрежи како што се Инстаграм, Фејсбук, ТикТок и Јутјуб. Франција моментално разгледува слични мерки за лицата под 15 години, вклучително и една за која се залага самиот претседател Емануел Макрон.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека треба да се направи повеќе за заштита на децата на социјалните мрежи по скандалот со четботот со вештачка интелигенција „Грок“ кој произведува сексуализирани слики без согласност.






– Треба да направиме повеќе за да ги заштитиме децата и затоа разгледуваме низа опции и велиме дека ниту една од опциите не е исклучена – им рече Стармер на новинарите.

Велика Британија донесе нов закон со кој ќе биде нелегално производството и споделувањето сексуализирани слики без согласност. Гардијан минатата недела објави дека Џонатан Хајдт, американски психолог и поддржувач на австралиската забрана, бил поканет да им се обрати на британските претставници. Во својата книга од 2024 година, „Генерациска анксиозност“, Хајдт пишува дека времето поминато пред екраните, особено на социјалните мрежи, влијае на мозокот на младите луѓе и предизвикува „епидемија на ментални болести“.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини