ЗА ДВА ДЕНА ИСЧЕЗНАА ТРИ МОМЧИЊА Фотографиите на тројцата врсници се наоѓаат во хрватскиот регистар на исчезнати лица
Три 14-годишни момчиња во Хрватска исчезнале во рок од два дена. Иван и Патрик во Загреб, а Лукас во Риека. Тукашните медиуми пишуваат дека има сѐ повеќе киднапирања на деца, но и дека тие не се секогаш насилни. Честопати децата доброволно се согласуваат на примамливи понуди или лажни ветувања.
Според Националниот регистар на исчезнати лица, во Хрватска за само два дена исчезнале три момчиња, сите родени во 2009 година. Иван исчезнал на 7 јануари во Загреб, Лукас на 8 јануари во Риека, а Патрик на 8 јануари во Загреб.
Иван Шнајдар (2009) исчезнал на 7 јануари, кога се оддалечил од својата адреса во Загреб, на Брезовичка цеста. Момчето е високо 162 сантиметри, има кафена коса и сини очи. Во моментот на неговото исчезнување тој носел спортски панталони и бела маица.
Лукас Кираљ Јеремиќ, роден во Пула во 2009 година, исчезнал еден ден подоцна, на 8 јануари, во Риека, каде што има пријавено живеалиште.
Момчето Патрик Гек (2009) исчезнало на 8 јануари во Загреб. Според Националниот регистар на исчезнати лица, момчето се оддалечило од адресата. Има пријавено престој во Загреб, додека живеалиштето му е во Дубровник. Во описот стои дека е висок 175 сантиметри, со кафена коса и кафени очи и средна градба. Во моментот на неговото исчезнување, носел црни панталони, портокалова дуксерка со качулка, црна јакна и патики.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.