ЗА ДОМА СПРЕМНИ? Кога сте во Хрватска на море, не велете така, може да ве разберат погрешно и да ви пишат казна од 4.000 евра!

Усташкиот поздрав „За дом спремни“ опасно ќе поскапи. Хрватска е и единствената земја во Европската Унија која прекршочно ги казнува проститутките. Прекршокот во Законот останува. Единствена утеха е што казната не се зголемува, останува од 20 до 100 евра.

2,211

За изведување и репродукција на песни и за носење и истакнување симболи, текстови и цртежи кои го нарушуваат јавниот ред и мир, досегашните глоби од 20 до 170 евра ќе се зголемат до 23 пати и ќе изнесуваат од 700 до дури 4.000 евра. Тоа е прекршокот врз основа на кој во Хрватска ќе се казнува истакнувањето на фашистички симболи, какви што се кукастите крстови, но и извикувањето на поздравот „За дом спремни“.

Истата казна ќе важи и за ширење лажни вести кои го нарушуваат спокојството на граѓаните, со кои јавноста често се среќаваше за време на пандемијата на корона, како и за неовластено пукање со огнено оружје и омаловажување или навредување службено лице, пишува Јутарњи лист.






Ова се предвидува во предлог-измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, што се на јавна расправа и кои треба да бидат донесени по итна постапка. Станува збор исклучиво за измени со кои се зголемуваат пропишаните казни, додека содржината на самите прекршоци не е променета.

Така, останува прекршокот за вршење проституција, со кој се казнуваат само проститутките. Од сите земји на ЕУ, само Хрватска има таков прекршок. И во предложените измени на Законот тој не се укинува, но не се зголемени казните за тој прекршок, па тие остануваат во опсегот од 20 до 100 евра. Но, казните за оние кои ќе дозволат проституција во нивните простории, односно за лицата кои изнајмуваат стан на сексуални работници, ќе се зголемат до 2.000 евра. Предвиден е и прекршок според кој едно лице може да биде избркано од местото на живеење, доколку продава сексуални услуги.

Во постоечкиот Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, највисоката пропишана казна е 170 евра. За споредба, во Законот за јавен собир, на пример, глобите одат и до 6.630 евра. Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е донесен во далечната 1977 година и тогаш максималните казни изнесувале 44 отсто од просечната плата, а сега се само 16,7 отсто. Новопредложените казни ќе изнесуваат дури 400 проценти од просечната хрватска плата.

По високите казни, Хрватска веројатно ќе биде рекордер во ЕУ. Така, на пример, Хрватска ќе изрече казна до 2.000 евра за тепачка, расправија или за викање на јавно место, додека во Словенија казната за таков прекршок е најмногу 1.252 евра, во Литванија 240 евра, во Словачка 300 евра, во Италија 309 евра, во Австрија до 500 евра итн.

Прекршокот навреда и омаловажување на моралните чувства на граѓаните ќе остане во законот, иако се помалку е јасно на што всушност се однесува таа законска одредба. Како и да е, наместо досегашните 100 евра, сторителите ќе бидат казнувани со парични казни од 300 до дури 2.000 евра. Од друга страна, за јавна злоупотреба на животните се пропишани двојно помали казни – од 200 до 1000 евра.

Поврзани содржини