ЗА ДОБРО ВАРЕЊЕ, ХОЛЕСТЕРОЛ И ПРИТИСОК Четири рецепти со хељда полни со влакна и витамини

Ако сте уморни од секогаш истите рецепти, зошто да не ѝ дадете шанса на хељдата? Благодарение на влакната таа придонесува за здраво варење, намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.

993

Чорбите и варивата се вистинско освежување за организмот во зимските месеци. Ако сте уморни од секогаш истите рецепти, зошто да не ѝ дадете шанса на нутритивно богатата и неправедно запоставената хељда?

Хељдата е житарка без глутен која на 100 г содржи:






10 г влакна
околу 13 г протеини
околу 70 г јаглени хидрати.

Содржи и важни минерали како што се железо, магнезиум, бакар, цинк и манган.

Благодарение на влакната придонесува за здраво варење, намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.
Покрај тоа што се користи како цело зрно, хељдата се користи и во форма на брашно, гриз и чај.

Варивото од хељда е многу хранлив оброк кој ќе го заживее телото, ќе му ги даде потребните витамини, минерали, влакна и протеини. Тоа е одличен избор за луѓе кои страдаат од целијачна болест или се нетолерантни на глутен.

Правилната подготовка на хељдата вклучува готвење од 30 минути во сооднос на вода и хељда од 2:1.

Четири одлични рецепти во кои хељдата е искомбинирана со мешунки, печурки или зеленчук, ќе најдете на „Арт кујна“.

Поврзани содржини