ЗА АНТИДИЈАБЕТИЧНИТЕ СВОЈСТВА НА ДИВОТО НАНЕ Оваа билка може да спречи скокови на шеќерот во крвта после јадење

Истражувачите заклучиле дека дивото нане има антидијабетична активност која е независна од инсулинот и може да се користи за лекување или спречување постпрандијална хипергликемија (зголемување на гликозата во крвта после јадење), која е силно вмешана во развојот на дијабетес тип 2 и дијабетични компликации.

476

Дивото нане е повеќегодишно цветно растение кое потекнува од Европа, делови од северна Азија и Хималаите. И покрај неговиот малку горчлив вкус, листовите од диво нане често се користат во салати и готвена храна, како и за правење чај. Од друга страна, есенцијалното масло од лисјата од диво нане е широко користено за ароматизирање на слатки и на пијалаци.

Лисјата и есенцијалното масло од нане исто така традиционално се користат како природни лекови. Се вели дека листовите се одличен лек за воспаление на црниот дроб, чир на желудникот, дијареа, бронхитис, жолтица и кожни болести, додека маслото често се користи како антисептик. Поради забележаната антиоксидантна активност на дивото нане, индиските истражувачи решиле да истражат дали тоа има и антидијабетични својства.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини