ЗА 5 ГОДИНИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ СТАНЕ СВЕСНА? Еден од основачите на Гугл Дип Мајнд смета дека тоа е сосем можно
Постои голема желба (кај компаниите) да се направи поскалабилен алгоритам за искористување на сите овие компјутерски податоци. Па, си мислам дека ќе биде многу веројатно дека ќе почнеме да откриваме скалабилни алгоритми за да го направиме ова, вели шефот за вештачка интелигенција на Гугл, Шејн Лег.
Еден од основачите на одделот за вештачка интелигенција на Гугл вели дека има 50-50 шанси да достигнеме она што се нарекува Вештачка генерална интелигенција до 2028 година. „Тоа е сосем веројатно“, објави Шејн Лег уште на самиот крај на 2011 година во еден личен блог, пишува Футуризам.
За што е загрижен Лег, па мисли дека ВОИ може да се постигне за 5 години од денес? За фактот дека вештачката интелигенција може да учи многу брзо, дури експоненцијално.
– Постои голема желба (кај компаниите) да се направи поскалабилен алгоритам за искористување на сите овие компјутерски податоци. Па, си мислам дека ќе биде многу веројатно дека ќе почнеме да откриваме скалабилни алгоритми за да го направиме ова.
Според еден друг познат футурист, Реј Курцвајл, оваа состојба на ВОИ, која тој ја нарекува Сингуларност ќе биде постигната во 2054 година. Курцвајл го напишал ова во книгата насловена „Духовни машини“ од 1999 година. Лег објаснува дека овој аргумент дека работите можат да одат многу брзо, речиси експоненцијално, барем неколку децении, влијаел на неговата претпоставка.
I had a lot of fun chatting with @ShaneLegg – Founder & Chief AGI Scientist, Google DeepMind
We discuss:
– Why he expects AGI around 2028
– How to align superhuman models
– What new architectures needed for AGI
– Has Deepmind sped up capabilities or safety more?
– Why… pic.twitter.com/AVKmLx6nt0— Dwarkesh Patel (@dwarkesh_sp) October 26, 2023
Милијардерот Илон Маск на социјалната мрежа Икс напиша дека е загрижен:
„Првпат имаме ситуација да се раѓа нешто што е помпаметно од најпаметниот човек. Не ми е јасно дали воопшто можеме да контролираме такво нешто“, забележува тој.
Делегати од 28 земји во светот излегоа со заедничка изјава дека ќе се заложат да развијат заштита од катастрофалните потенцијали на ВИ. Тие сметаат дека никој не може и не треба да го запира развојот на ВИ, но дека само колективно можеме да се одбраниме од несаканите последици. Се работи за делегати од САД, Кина, ЕУ, Обединетото Кралство и од Австралија.
Истовремено, Сем Алтман, човекот кој стои зад компанијата ОпенАИ која го создаде ЧатГПТ се залага за достигнување на оваа „самосвесна интелигенција“ или ВОИ.
И сето тоа се случува во очи на Глобалниот саем за вештачка интелигенција кога многу челници предупредија за можните ризици. Американскиот претседател Џо Бајден, на пример, рече дека е загрижен дека ВИ би можела самата да произведува биохемиско оружје. Според заменик-шефот на неговиот кабинет, Бајден се „освестил“ кога го гледал новото продолжение на филмот „Невозможна мисија“ кадешто вештачка интелигенција се инфлитрира во сите можни системи, планира катастрофи…
Освен филмот, на Бајден му биле покажани и лажни слики со вештачка интелигенција од неговото лице, потоа од неговото куче, а му било демонстрирано и како ВИ може да пишува лоша поезија.
Бајден потпиша извршна наредба во САД со која се бара да се балансира развојот на вештачката интелигенција, да му се даде тајминг.