ВАКА ЗАКРЖЛАВЕНИ ЛИ ЌЕ БИДАТ ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ? За 1.000 години ќе ни порасне грпка и ќе имаме двојни трепки (ФОТО)

Фотките што ги објави рендерерот Mindy, а кое се направени споед мислењата на TollFreeForwarding предизвикаа секакви реакции по светот. На нив се гледа дека и нашите дланки може да станат закржлавени како канџи поради тоа што цело време држиме мобилни телефони, а не правиме други нешта. А најстрашниот дел се двојните очни капаци.

301

Седењето пред компјутер по осум часа дневно на работа буквално ќе направи човечката раса да стане закржлавена за 1.000 години, сметаат научниците. Тие ангажирале 3Д-артисти да го прикажат ова во детал и сликите изгледаат застрашувачки. Не само што ќе бидеме подгрбавени со наведнат врат туку се смета дека ќе развиеме втор очен капак за да се заштитиме од прекумерното зрачење на екраните.

 






Фотките што ги објави рендерерот Mindy, а кое се направени споед мислењата на TollFreeForwarding предизвикаа секакви реакции по светот. На нив се гледа дека и нашите дланки може да станат закржлавени како канџи поради тоа што цело време држиме мобилни телефони, а не правиме други нешта.

Кога седиме компјутер нашите раце се под агол од 90 степени – такви и би можеле да останат, односно тоа да биде нивната природна позиција. Тоа би било предизвикано од притисок или истегнување на улнарниот нерв.

А дали ќе бидеме попаметни? На сликите не е прикжано, но според научниците нашите мозоци ќе се намалуваат бидејќи нашиот опстанок не зависи од големината и од силата, како што некогаш тоа било случај во дивината. Но и покрај тоа што ќе се намалуваат мозоците, се очекува да расте дебелината на самата черепна коска. Тоа е затоа што организмот сака да се заштити од електромагнетното зрачење од екранот.

Се смета дека децата, кои имаат потенки черепи, апсорбираат три пати повеќе од зрачењето.

Поврзани содржини