ВРТОГЛАВИЦА, ПРОБЛЕМИ СО МЕМОРИЈАТА, ДЕПРЕСИЈА… На што треба да обрнат внимание сите, а особено веганите и вегетаријанците?
Многу луѓе страдаат од недостаток на витамин Б12, но симптомите понекогаш лесно може да се помешаат со друга состојба. Ако чувствувате вртоглавица, проблеми со меморијата, депресија…, имајте на ум и дека се ова главните симптоми на недостаток на витамин Б12
Ретко кој би помислил дека симптомите како вртоглавица или депресија се поврзани со недостаток на витамин, но токму тоа може да биде случај кога станува збор за витамин Б12.
Без доволно витамин Б12, нашето здравје страда, а губењето на енергијата е забележливо. Бидејќи игра клучна улога во претворањето на јаглехидратите, протеините и мастите во енергија, неопходно е да се има соодветно ниво на витамин Б12 за да се искористи целата енергија добиена од храната.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.