ВРЕМЕТО СЕ ЛИЗГА?! Денешниот ден ќе трае помалку, чуден феномен што ги збунува научниците

Овој интересен феномен може да се регистрира единствено со атомски часовници, кои се доволно прецизни за да детектираат промени од само илјадити делови од секундата. Иако таквите разлики се незабележливи за човекот, тие предизвикуваат збунетост кај научниците. До 2020 година, најкраткиот ден што бил измерен изнесувал 1,05 милисекунди пократко од нормалното. Оттогаш, Земјата го соборува тој рекорд речиси секоја година, со просечно забрзување од половина милисекунда.

512

Денешниот ден, среда, ќе биде малку пократок од вообичаеното, за нашата планета. Имено, се очекува Земјата денеска да ја заврши својата целосна ротација за приближно 1,3 милисекунди помалку од стандардните 86.400 секунди што чинат 24-часовен ден, според предвидувањата, засновани на астрономски набљудувања.

Феноменот може да се измери само со помош на атомски часовници коишто се доволно прецизни за да забележат варијации од илјадити делови од секундата. Иако незабележлива за луѓето, таа мала временска отстапка е збунувачка за научниците. До 2020 година, најкраткиот ден забележан од атомските часовници, беше 1,05 милисекунди покус. Оттогаш, Земјата „го урива тој рекорд секоја година за приближно половина милисекунда“, се наведува во текстот.






Најкраткиот забележан ден беше на 5 јули 2024 година, кога Земјата ја заврши својата ротација 1,66 милисекунди побрзо од нормалното време, пишува Си-би-ес 8.

Научниците ги мерат овие мали дневни варијации како „должина на денот“ – „ЛОД“, што претставува колку милисекунди над или под рамката од 86.400 секунди ѝ се потребни на Земјата за да заврши едно свртување околу себе.

Положбата на Месечината влијае на овие краткорочни варијации. Земјата се врти побрзо кога Месечината се наоѓа далеку северно или јужно од екваторот на планетата. Долгорочните промени во брзината на вртење на планетата во голема мера произлегуваат од тоа како јадрото на Земјата дејствува на непредвидливи начини, велат истражувачите.

Но, трендот на забрзување можеби го достигнува својот врв. Леонид Зотов, експерт за ротацијата на Земјата на Московскиот државен универзитет, минатата година предвиде дека Земјата ќе почне да забавува, иако според некои научници, тоа сè уште не се случило.

– Мислам дека го достигнавме минимумот. Порано или подоцна, Земјата ќе забави – изјави тој.

Се очекуваат уште 2 претстојни пократки дена оваа година – 22 јули и 5 август – при што се очекува последниот да биде најкраткиот – со 1,51 милисекунди помалку.

Поврзани содржини