ВРЕМЕ Е ЗА ДИГИТАЛЕН ДЕТОКС! Кога, како и зошто да ја почнете својата дигитална детоксикација?
Дали ве фаќа паника кога не го користите мобилниот уред неколку минути? Дали се чувствувате изгубено кога ќе го заборавите вашиот мобилен телефон дома? Доколку одговорот е позитивен, време е за дигитална детоксикација.
Дигиталната детоксикација е сè попопуларна во свет каде екраните ги презедоа нашите животи и внимание, нашите семејства, особено децата. Понекогаш сме свесни, а понекогаш и не колку тие имаат негативно влијание врз нашето ментално и физичко здравје.
Затоа дигиталната детоксикација се појави како едно од решенијата.
Што е дигитална детоксикација и кога и зошто да се започне?
Едноставно кажано, дигиталната детоксикација е свесна одлука да се исклучиме од онлајн светот, да ги исклучиме нашите мобилни телефони, лаптопи, компјутери, паметни телевизори и таблети на неколку дена, неколку недели или дури и на подолг временски период.
Ова исклучување може да биде целосно или дозирано, можеме да го ограничиме времето поминато со екраните за време на процесот на дигитална детоксикација.
Причини за дигитална детоксикација
Според истражувањето на компанијата Нилсен, просечен возрасен човек во САД троши околу 11 часа секој ден слушајќи, гледајќи, читајќи или комуницирајќи со медиумите.
Постојат многу причини зошто можеби ќе сакате да се откажете од вашиот мобилен телефон и другите уреди на некое време.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.