ВРЕДНИ И ИНОВАТИВНИ МАКЕДОНЦИ СО СВЕТСКИ ПРОИЗВОД Вегански колаген, поточно, колаген бустер од афион
„Ако некогаш сретнете производ со етикетата ‘вегански колаген’, тоа всушност значи „колаген бустер“, односно, производ кој содржи состојки што му се потребни на организмот за самиот да создаде колаген. Токму таков е и нашиот најнов производ од обезмастеното афионово семе кое е полно со протеини“, велат нашите соговорници, производители на т.н. вегански колаген за кој светот допрва ќе чуе.
Роберт Коцев, неговиот син Кристијан и нивниот партнер и пријател Александар Димитриевски, ги запознавме како производители на ладно цедено сончогледово, а потоа и на афионово масло, кое е вистинска реткост во светски рамки, па неговите производители можат да се избројат на прсти. Но овие тројца вредни и иновативни луѓе не застанаа тука. Правејќи го афионовото масло и внимавајќи тоа да се искористи максимално, без никаков отпад, прво почнаа од обезмастеното афионово семе кое останува по еструдирањето на маслото, да прават намази, а потоа, откако ова обезмастено семе било испитано во Агенцијата за храна и ветерина каде што им рекле дека истото има голема протеинска вредност, го направиле и најновиот производ – вегански колаген.
„Ако некогаш сретнете производ со етикетата ‘вегански колаген’, тоа всушност значи „колаген бустер“, односно, производ кој содржи состојки што му се потребни на организмот за самиот да создаде колаген.Токму таков е и нашиот најнов производ кој го поттикнува производство на колаген од страна на организмот“, велат нашите соговорници од компанијата „Био оил“.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.