📽 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ШОЛЈАТА ПРЕД ДА СЕДНЕТЕ Змија го касна за тестисите, тој ја задави со голи раце

Човекот потоа побарал лекување во болница. Примил една доза од вакцина против тетанус. Му ја завиле раната. Имал среќа, бидејќи змијата не била отровна.

1,285

На еден човек му се остварила најлошата ноќна мора кога седнал на тоалетот во својата куќа. Огромна змија излегла од шолјата и го каснала за тестисите. Танат Тангтеванон од Тајланд го опиша своето болно утро во средата на социјалните мрежи и објави видео од кое им се крева косата не само на оние кои и онака се плашат од змии.

И покрај шокот, тој се обидел да ја зграби змијата, за која се покажало дека е некаков питон. Таа ги зарил забите во неговите тестиси. Дури кога станал животното го пуштило и повторно паднало во ВЦ школката.






Конечно, Танат се обидел да го извлече питонот од тоалетот, но змијата со сета сила се закачила за одводот, пишува германски Билд.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blog Rudimar Ramon (@rudimarramon)

 

Според Бангкок пост, тој потоа погледнал низ собата и посегнал по четката за тоалетот. Го тепал животното додека не умрело. Обезбедувањето на станбениот комплекс потоа му помогнало да ја извади змијата од тоалетот.

Танат потоа побарал лекување во болница. Примил една доза од вакцина против тетанус. Му ја завиле раната. Имал среќа, бидејќи змијата не била отровна.

Тој на социјалните мрежи напишал дека луѓето во Талјанд треба да внимаваат за време на дождовната сезона, бидејќи тогаш змиите бараат суви живеалишта и сакаат да ползат по куќите и становите, често по заобиколен пат, односно преку канализација.

Поврзани содржини