🎥(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ) ОДАТ НА РАЗУБАВУВАЊЕ ВО ТУРЦИЈА, СЕ ВРАЌААТ ОСАКАТЕНИ Девојка направила операција за подигнување на градите, се разбудила со некроза на брадавиците

Клои Роуз (22) од Западен Јоркшир заминала во Турција на операција за подигнување на градите, последиците од таа постапка, за која платила 2.800 фунти се целосно застрашувачки.

1,839

Трагичниот случај во кој девојка од Велика Британија во Белград на враќање од Турција каде и била извршена естетска операција на желудникот, на виделина извади и бројни други случаи со катастрофални последици од хируршки интервенции направени во Турција по примамливи цени. Клои Роуз (22) од Западен Јоркшир заминала во Турција на операција за подигнување на градите. Последиците од таа постапка, за која платила 2.800 фунти се целосно застрашувачки. Поради тоа, таа со помош на своите пријатели успеала да се вратила во Велика Британија на итна операција со која и е спасен животот. Клои Роуз ги открила сите детали од трауматичното искуство како предупредување за сите што примамливите цени ќе ги привлечат да направат навидум безопасни естетски интервенции во Турција.

Операцијата за подигнување на градите поминала многу лошо, а процедурата траела четири часа. Нејзините пријатели велат дека хирурзите и земале премногу кожа од градите, што довело до губење на циркулацијата во брадавиците, предизвикувајќи некроза на ткивото.
Клои, која е модел на OnlyFans, во неделата се вратила во Велика Британија, пет дена по операцијата. Таа веднаш отишла во болница во Манчестер каде и била закажана операција.






„Моментално чекам итна операција. Скаменета сум и трауматизирана, но не можам доволно да им се заблагодарам на оние кои ми го спасија животот, благодарам“ – изјави таа вчера на Инстаграм.

Клои, која работи и како козметичарка, ја платила операцијата по намалена цена, а во таа цена биле вклучени и трошоците за летот и сместување.

По операцијата била во агонија, врескала од болка. Пријателите почнале да собираат пари за да ја вратат неа, нејзината сестра и една пријателка во В.Британија, собирајќи 8.000 фунти.

Пријателите тврдат дека Клои морала да плати за да остане на лекување во турска болница по операцијата. Тамошните лекари негираа одговорност или невнимание за време на операцијата.

„Клои дефинитивно ќе се справи со губење на кожата околу нејзините брадавици и дефинитивно ќе биде потребна реконструкција, само не сме сигурни за степенот на сериозност во оваа фаза“ – напиша нејзината пријателка на Фејсбук, додавајќи дека доктор од Турција кој зборува англиски рекол дека Клои може да патува со авион, како и дека е многу болна.

„Клои сè уште не е многу добро, не може да седне и е крајно исцрпена од искуството, но ја носиме дома што и дава толкава сигурност“ – истакна Рејчел, откривајќи дека нејзината пријателка избрала да ја има операција во Турција бидејќи не и се допаднал изгледот на нејзините гради, но и поради намалените цени.
По операцијата, пријателите упатија апел на социјалните мрежи за помош.

„Стигнавме во понеделникот, а таа беше оперирана во вторникот. Лекарите рекоа дека операцијата поминала добро, но кога Клои дојде на себе, врескаше од агонија – знаеше дека нешто не е добро. Оставена е со некроза на брадавиците и тој дел од градите и умира. Сега сме во туѓа земја и не сме сигурни што да правиме. Докторот постојано ни велеше дека се е во ред, но не беше. Клои е во агонија – се чувствува како да умира. Ја напуштивме болницата затоа што не можевме да си дозволиме да останеме. Сакаме да се вратиме дома, не знаеме дали ќе ни биде дозволено“ – се огласи нејзината пријателка барајќи помош за да се вратат дома.

 

Помош побараа и преку страницата GoFundMe. Сестрата на Клои Роуз нагласи дека лекарите не сакале да признаат дека се тргнало наопаку, рекле дека се изгледа нормално.

Таа рече дека на нејзината пријателка ѝги отстраниле конците од раната додека Клои била будна и ја оставиле во болки 48 часа. Операцијата наводно требало да биде рутинска и да трае 45 минути, а траела 4 часа и младата девојка за малку ќе ја чинела живот, пишува Daily Mail.

Клои објави слики од нејзините гради како се распаѓаат и тие се крајно вознемирувачки.

 

Поврзани содржини