ВОНЗЕМЈАНИТЕ ВО „МРАЧНАТА ШУМА“ Колку брзо би можеле тие нас да нѐ откријат?

Да сакаат, напредните вонземјани би можеле да населуваат галаксија по галаксија, но сепак ова нема да оди толку брзо како што се мислеше, вели нова симулација. Причината за ова лежи во самиот факт што универзумот се шири. А тоа значи дека, можеби вонземјаните навистина уште не нѐ откриле...

486

Универзумот е како темна шума во која пеколот се другите цивилизации се вели во истоимениот роман на Лиу Си Џин. Од овој роман произлезе цела претпоставка наречена „Мрачна шума“. Таа вели дека поради оскудноста на информациите што секоја раса во вселената ги има на раполагање, секоја цивилизација која постои, вклучително и човечката, ќе биде приморана да лови, да биде „предатор“ во универзумот.

Дали тоа значи дека сите вонземски раси се непријателски настроени кон нас? Ова прашање нѐ води и до основното прашање кое го поставил Ферми и заклучил дека постои парадокс: ако најдовме толку егзопланети во универзумот каде се сите тие вонземјани? Да не се премногу далеку или можеби се самоуништиле кога дошле до „нуклеарната фаза“ на развојот?






Во 1974 година, трудот на Мајкл Харт со драматичен наслов „Објаснување за отсуството на вонземјани на Земјата тврди дека ако некоја цивилизација се обиде, ќе може да ја колонизира галаксијата за релативно кратко време.

„Да замислиме дека на крајот испраќаме експедиции до секоја од 100-те најблиски ѕвезди. (сите се на растојание од 20 светлосни години од Сонцето.) Секоја од овие колонии има потенцијал на крајот да испрати свои експедиции, а нивните колонии за возврат можат да колонизирај и така натаму“, напиша тогаш Харт во трудот.

А, ако универзумот е стар 13,7 милијарди години, тоа би значело дека вонземјаните со сите свои експедиции, од 100-те најблиски ѕвезди и оние експедиции од секоја ѕвезда, би имале дупло повеќе време да стигнат до планетата Земјата. Тоа е „освен ако не започнале со истражување на вселената пред помалку од 2 милиони години“.

Зошто вонземјаните не ја колонизирале галаксија кога имале шанса за тоа? Тој вели дека ова е
„силен доказ дека ние сме првата цивилизација во галаксијата“.

Во ново истражување, кое допрва треба да излезе во печат, тим проба да ја симулира оваа претпоставка на Харт, пишува ИФЛ Наука. И, испадна дека вонземјаните сепак не би можеле толку брзо да колонизираат една галаксија од универзумот.

Тимот научници создал поедноставен модел на универзумот составен од клетки кои претставуваат планети погодни за живот. Потоа изолирале еден топчест дел од овој модел, со „цивилизација“ во неговиот центар. Оваа цивилизација сега треба да се движи кон другите ќелии со постојана брзина и да ги користи ресурсите од секоја нова планета каде ќе стигне за да продолжи да се шири понатаму низ галаксијата.

Тимот користел три различни модели на универзумот: статичен универзум, универзум доминиран од материја и универзум доминиран од темна материја. Во сите три варијанти постојат планети кои се надвор од дофатот на која било цивилизација! А, тоа е затоа што планетите се повлекуваат од видикот на вонземјаните побрзо од брзината на светлината.

Со други зборови, вонземјаните би можеле да ја видат само светлината што стигнала до нивниот дурбин. Постои ограничување за тоа колкав дел од универзумот можеме да видиме…Ова особено се гледа и кога во приказната ќе го додадеме фактот дека универзумот се шири. Значи галаксиите се оддалечуваат од нас.

Сепак, тоа не значи дека вонземјаните не можат целосно да го населат универзумот во некое разумно време. Во некои случаи „сферата“ се намалува.

Сето ова значи дека не треба да очајуваме што досега не сме оствариле контакт, односно, што досега вонземјаните не нѐ откриле. Секогаш постои можноста тие уште да не стигнале го колонизираат нашето поблиско вселенско маало.

А, бидејќи тоа може да оди споро, можеби нема да го искусиме контактот „од трет вид“ во текот на нашите животи.

Поврзани содржини