📽„ВОНЗЕМЈАНИН“ СЕ ВОЗИ ВО ЊУЈОРШКОТО МЕТРО Необичниот патник стана хит
„Вонземјанинот“ носи маска во сино-зелена боја со облик на голема ќелава глава, со искривени уши и црни очи. Има и широка маица со слика на планетата Земја и испишана порака „Сакај ја мајка сѝ“, а за комуникација користи само движења со рацете.
Мал зелен вонземјанин или нешто налик на тоа се вози во подземната железница во Њујорк – еден од најпрометните градови во светот. Снимката од необичниот патни предизвика големо внимание на интернет.
Некои се пошегуваа и дека треба да биде повикан Вил Смит кој „ги шамараше“ вонземјаните во научнофантастичната комедија „Луѓе во црно“.
„Вонземјанинот“ носи маска во сино-зелена боја со облик на голема ќелава глава, со искривени уши и црни очи. Има и широка маица со слика на планетата Земја и испишана порака „Сакај ја мајка сѝ“. Њујоршкиот вонземјанин за комуникација користи само движења со рацете, а луѓето го забележале на повеќе места.
WTF ? An #alien was spotted in New York on the subway. #ufo #alien #newyork #subway We need to call Will Smith. pic.twitter.com/xKnM6OdAPD
— Pan (@antony67) August 13, 2023
Не се работи за вистински посетител од вселената, туку за добро осмислена реклама која привлече големо внимание и ја постигна целта.
„Вонземјаниот“ во њујоршкото метро, всушност е реклама за новиот филм „Џулс“ (Jules) (научна фантастика, драма, комедија), кој премиерно се појави на 11 август. Станува збор за приказна за старец чиј живот се менува кога НЛО ќе слета во неговиот двор во рурална Пенсилванија (САД).