ВОЛШЕБНИК НАЛИК НА ГАНДАЛФ БИЛ ВРАБОТЕН ВО ДРЖАВНО Градот Крајстчрч го отпушта по 23 години стаж (ФОТО)

Шанел се преселил во Крајстчрч во раните 70-ти и станал редовен говорник на градскиот плоштад каде што зборувал качен на висока скала, облечен во неговата долга наметка и капа на волшебник, баш како од сказните. Кога градските власти сакале да го уапсат, народот се бунел, па на крај морале да го вработат во градот како „официјален волшебник“.

977

Јан Брекенбери Шанел веќе нема да биде официјалниот волшебник на градот Крајстчрч во Нов Зеланд, а градот го раскинува неговиот договор за плата од 16.000 долари по стаж од 23 години, пишува Би-Би-Си. Крајстчрч е единствениот град кој има официјален волшебник од 1982 година, а според зборовите на Шанел, тој ионака веќе не припаѓа на „вибрациите“ на градот, затоа што самиот сакал да провоцира.

Сепак, Шанел негодува и за порталот Стаф изјави дека ќе продолжи да се појавува низ градот и да разговара со јавноста како што тоа го правел секогаш.

 






– Продолжувам понатаму. Ќе мора да ме убијат за да ме спречат – рече тој. – Тоа се куп бирократи кои немаат фантазија.

А, како Шанел успеал да стане волшебник и да биде плаќан за тоа? Роден во Лондон, г-дин Шанел студирал социологија и психологија на Универзитетот Лидс пред да се пресели во Австралија каде предавал социологија на Универзитетот во Нов Јужен Велс. Во Крајстчрч се преселил во раните 70-ти и станал редовен говорник на градскиот плоштад, каде што зборувал качен на висока скала, облечен во неговата долга наметка и капа на волшебник, баш како од сказните.

 

Полицијата се обидела да го уапси, но ова ја разбеснило јавноста и наместо тоа, во 1990 година, тогашниот премиер, Мајк Мур, побарал од Шанел „итно да размисли“ да стане официјален волшебник на Нов Зеланд.

Откако започна да работи како официјален волшебник пред повеќе од две децении, на г-дин Чанел му се платени околу 368.000 американски долари под единствен статус без данок. Според неговата веб-страница, тој поседува возачка дозвола од Нов Зеланд под името Волшебникот.

Тој се смета за туристичка атракција за Крајстчрч. Шанел 20 години изведуваше танци со дожд во в Зеланд и Австралија за време на сушите и ѝ го честиташе роденденот на кралицата во 2009 година. Тој беше присутен за време на протестите против уривање на старите згради во Крајстчрч по земјотресите кои го снајдоа градот во 2011 година.

Шанел дури беше прогласен за живо уметничко дело од Асоцијацијата на директори на галеријата на Нов Зеланд во 1982 година.

Но, тој исто така беше критикуван за неговите забелешки за жените. Меѓу другите коментари, тој изјавил „никогаш не удирајте жена, бидејќи премногу лесно помодруваат“ во едно комично тв-шоу, пишува Гардијан.

Поврзани содржини